+389 2 3113 059

Втора работилница во рамки на Школата за политика и критика 2015

Втора работилница во рамки на Школата за политика и критика 2015

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со огромно задоволство ја најавува втората работилница во рамки на Школата за политика и критика со истакнатите европски философи и активисти Франсоа Ларуел (Франција), Светлана Слапшак (Словенија) и Катерина Колозова (Македонија). Модератори на работилниците се: Игор Јованоски и Артан Садику, а неформална сесија ќе одржи и Анастас Вангели. Втората работилница во рамки на Школата за политика и критика ќе се одржи на 26, 27 и 28 јуни во хотелот “Климетица” во Охрид.

ФРАНСОА ЛАРУЕЛ – „НЕ-СТАНДАРДНАТА ФИЛОЗОФИЈА И МАРКСИЗМОТ“

Франсоа Ларуел е француски философ, поранешен професор на Collège international de philosophie на Универзитетот во Парис X: Nanterre. Го развил концептот на не-филозофија (non-philosophy) како еден вид на не-стандардна филозофија (non-standard philosophy) наместо анти-филозофија или мета-филозофија. Ларуеловиот не-Маркисам (non-Marxism) е обид да се преосмисли Марксизмот после падот на комунистичките држави поставувајќи го прашањето „Што ќе биде со Марксизмот?“ Тој го предлага не-Марксизмот (non-Marxism) како еретичка наука на Марксизмот која ќе ги истражи падовите како и можностите да се развие нова теорија

СВЕТЛАНА СЛАПШАК – „СОМНИТЕЛНА СУБВЕРЗИЈА: РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ЕТИКА“

Светлана Слапшак е професорка по Антропологија на древните светови и Антропологија на род, координатор на ISH, Institutum Studiorum Humanitatis школа за постдипломски студии по хуманистички науки од 1995 како и поранешна деканка на ISH.

КАТЕРИНА КОЛОЗОВА – ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ СО МАРКСИЗМОТ ДЕНЕС?“

Катерина Колозова е директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и професорка по филозофија, социологија и родови студии. Колозова е авторка на Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy (2014), The Lived Revolution: Solidarity with the Body in Pain As the New Political Universal (2010), The Real and “I”: On the Limit and the Self (2006) The Crisis of the Subject со Џудит Батлер и Жарко Трајановски (2002), The Death and the Greeks:
On Tragic Concepts of Death from Antiquity to Modernity (2000) и уредник на голем број книги од областа на родовите студии и феминистичката теорија.
ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2015

Серијата на четири политички работилници во рамките на Школата за политика и критика 2015 се концептуално продолжение на активностите на Школата за политика и критика 2014. Тие целат кон овозможување на простор како за учење на стратегиите за овозможување на големи коалиции и акција во рамките на нив, така и за генерирање ново теоретско знаење за политичките предизвици во постојниот контекст. Школата на поголема група на активисти ќе им овозможи работа со искусни политички активисти и теоретичари.

Порастот на неолибералните политики од една страна, и порастот на авторитарните практики на владата од друга, во континуитет создава разорување, страв и политичка демобилизација на социјалните движења. Недостатокот на стратегии за пристап до различни општествени групи од страна на активистите за да се создаде поширока алијанса на општествени актери што би спровеле стратегии за акција кон социјална правда, слобода и демократија, создава фрагментиран простор за промена. Треба да ги обединиме прогресивните сили во акција.

Недостатокот на посериозна политичка конфронтација со постојниот неолиберален консензус во рамките на политичките фактори изискува мобилизација на левичарски дискурс и пошироките социјални структури. Постои потреба за поврзување на секторите на трудот со останатите граѓански структури за да се организира политички отпор против ужасните социјални последици во областите: слобода, демократија и социјална правда. Во дадениот момент, стравот и недовербата на пошироките народни маси во било кое политичко дејствување што ќе ја предизвика постојниот владин менталитет, е сериозен предизвик за активна политичка мобилизација.

Leave a Reply