+389 2 3113 059

Годишна конференција на ИОХН-С 17 -18 јануари 2014

Годишна конференција на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

Скопје 17-18 јануари 2014 / Културно информативен центар (КИЦ)

“НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ КАКО ЦЕНТРАЛНА ПОЛИТИЧКА ЗАЛОЖБА: СЛУЧАЈОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА И НЕЈЗИНИТЕ СОПЕРНИЧКИ МИТОВИ НА ПОТЕКЛО “

Говорници: Ричард Сејмур, Акис Гаврилидис, Флоријан Бибер, Светлана Слапшак, Божидар Слапшак, Неда Коруновска, Горан Булдиоски, Горан Јанев, Игор Јованоски, Катерина Колозова, Артан Садику, и членови на научниот кадар на ИОХН-Скопје.

Идејата на конференцијата:
Во изминатите две децении, регионот на Југоисточна Европја – а не само т.н. Западен Балкан – го обележа политика засновна на нагласеното предимство на прашањето на националниот идентитет наспроти социјално-политичките прашања. Националниот идентитет како прашање по себе вклучува опипливи културни и академски процеси кои имаат за цел да изградат и зацврстат определена идеја и чувство на заедница. Овие процеси се одвиваат по пат на признавање, легитимизирање и симболна продукција која ја одржува, збогатува и преповторува претставата за националното „Јас.“ Уметничката продукција, академското пресоздавање на националната вистина и репродукцијата на културното симболно (во основа, патријархално) во хуманистичките науки се одвиваат во државните институции, на јавните и приватни универзитети и во медиумите. Изобилство податоци кои произлегуваат од материјалната култура и од забележаниот јавен дискурс го поткрепува нашето тврдење дека националниот идентитет го определува севкупниот тек на политиката, како национална така и меѓународна, во Македонија но и во соседните Грција, Бугарија, Србија и Косово. Ова упатува дека прашањето на политичката интеграција на региониот на ЈИЕ, вклучувајќи го и „Западен Балкан,“ не може да биде решено со чисто политички средства во тесната смисла на зборот ниту, пак, технократски. Станува збор за процес кој подразбира комплексно разбирање и изучување на критичкиот културен и интердисциплинарен аналитички пристап кој ја вклучува културно-естетската критика со вградена родова перспектива а има за цел да предложи политики кои ќе одговорат на комплексната реалност која е предмет на анализа. Друго прашање кое треба да биде обработено недвосмисленото повикување на верност кон единството на националната заедница на кое и политичката десница и политичката левица одговараат на идентичен начин и со тоа ја парализираат можноста од каква било политичка расправа на останатите општествено-политички теми независно од етно-националното прашање. Да се одбегне етикетата „предавник“ во земја која чувствува дека е под закана на негација на самото нејзино „јас“ го условува начинот на кој се обработуваат сите останати теми. Во Македонија, естетско-културниот проект „Скопје 2014“ ги засенува сите останати теми на политичката расправа. Во Грција, „македонското прашање“ беше единствената точка во однос на која Сириза се приближи до позициите на политичкиот центар, како што ги обединува и политичките сили во Бугарија. Косовското прашање е се уште централно во српскиот политички дискурс иако Република Косово постои како независна држава уште од 2008. Ова се само неколку примери помеѓу многуте за начинот на кој се устоличува политичкото во регионот на пост-Југославија и нејзините соседи.

За да го пријавите вашето присуство, пишете на [email protected] или на [email protected], или, пак, јавете се на +389 2 3113 059. Рок за пријавување: 15 јануари 2014.

На линкот подолу можете да ја најдете агендата за конференцијата:

AGENDA FOR THE ANNUAL CONFERENCE OF ISSHS

Leave a Reply