+389 2 3113 059
enmk

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ НА ИОХН-С СО ПРОФ. Д-Р МИГЛЕНА НИКОЛЧИНА

30 May 2017

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ НА ИОХН-С СО ПРОФ. Д-Р МИГЛЕНА НИКОЛЧИНА

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме во сабота (23.04) со почеток во 12 часот на отворено предавање во рамките на постдипломските студии на Институтот на тема „Неслучајни случајности: Цветан Стојанов со Јулија Кристева и Георги Марков“, предавање ќе го одржи нашата визитинг професорка дел од меѓународните професорски имиња кои ја сочинуваат листата на можни ментори на магистерски тези на Институтот, проф. д-р Миглена Николчина.

Проф. д-р Миглена Николчена е теоретичарка на литературата чие истражување ги врзува литературата, филозофијата, политичките студии и феминизмот. Професорка е на Софискиот универзитет во Бугарија во одделот за историја на литературата и теорија. Проф Николчина била директорка на Програмата за родови студии и култура на CEU, Будимпешта и гостин предавач на Institute for Advanced Study, Принстон, Њу Џерзи (САД) како и гостин-предавач на Институот за општествени и хуманистички науки – Скопје (Македонија).

НЕСЛУЧАЈНИ СЛУЧАЈНОСТИ: ЦВЕТАН СТОЈАНОВ СО ЈУЛИЈА КРИСТЕВА И ГЕОРГИ МАРКОВ

Стратегиите на Цветан Стојанов како писател во очајни времиња на репресија се истражени во овој труд, во врска и наспроти разликата на биографските и интелектуални траектории на две од неговите најблиски пријатели и современици, иселениците Јулија Кристева и Георги Марков (жртва на озлогласеното убиството со чадор). Позицијата на Стојанов се смета за претставничка на она што тој го нарекува „трагедија на епохата:” напорите за спротивставување на режимот преку чистата енергија на мислењето. Изразот „неслучајна случајност” е извлечен од неговото писмо, како елаборација на хетероглосијата на Михаил Бахтин и како влог за социјална трансформација преку „борбата со мозоци” и преку оспорување на системот со „комплексност и темелно познавање на противникот.” Ова е полемика со „комунистите,” полемика, сепак, која сака да одговори на прашањата во сета нивна комплексност. Што е најважно, тоа е полемика која се обидува да ја искористи целата светската култура како свој арсенал – „од највисоката можна гледна точка, со сета сложеност и познавање на противникот.” Треба да се “се бори со мозоци” – Стојановата главна критика кон Западот беше во тоа што не се бореше против комунизмот со мозоци. Таа победа се чини дека беше добиена од страна на Западот безмозочно, дека имплозијата на комунистичкиот систем беше прифатена како резултат на поефикасното капиталистичко искористување на она што требаше да биде голема предност на комунизмот – придобивките на консумеризмот и манипулацијата на масовната свест – не ја девалвира тезата на Стојанов, туку дава дијагноза на нашата денешна болест.

АГЕНДА:

12:00 – 13:00 Предавање на проф. д-р Миглена Николчина
„Неслучајни случајности: Цветан Стојанов со Јулија Кристева и Георги Марков“

13:00 – 13:30 Закуска / Кафе пауза

13:30 – 14:00 Дискусија / разговор за предавањето, модерирана од проф. д-р Катерина Колозова

НАПОМЕНА: Ги молиме сите заинтересирани за предавањето на проф. д-р Николчина да го најават своето присуство најдоцна до петок (22.04.2016).

Leave a Reply