+389 2 3113 059
enmk

Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци

8 Jun 2017

Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.

Обуките се отворени за сите заинтересирани претставници од невладините организации од Македонија.

Обуката ќе се одржи во Скопје на 15.12.2016 (четврток) во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Обуките се дел од проектот Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување кој Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува со поддршка од програмата Цивика Мобилитас (CIVICA Moblilitas). Ова е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која ја спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Целта на проектот е зајакнување на знаењата и капацитетите на граѓанските организации за промовирање, заштита и застапување на слободата на здружување и изразување.

Вашиот интерес може да го изразите со пријава на вашите лични податоци (име, презиме, организација од која доаѓате и контакт) на e-mail: info@isshs.edu.mk најдоцна до 12.12.2016

Контакт лице: Ана Блажева тел.072 307 702, 02 31 13 059 e-mail: ana.blazeva@isshs.edu.mk

Leave a Reply