+389 2 3113 059
enmk

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија организира обуки за Застапување засновано на податоци. Обуките се состојат од две тродневни обуки кои вклучуваат неколку тематски области: Пристап на застапување засновано на податоци, користење на истражувачки алатки за прибирање и анализа на податоци во процес на застапување, визуелизација на податоци и раскажување приказни со податоци. Целта на обуките е да се зајакнат капацитетите за примена на податоци во процесот на застапување за новинари и активисти кои работат на полето на заштита на слободата на изразување.

Првата обука ќе се одржи на 15, 16 и 17 Февруари во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.[1]

Втората обука ќе се одржи на 26, 27 и 28 Февруари, а за местото на одржување ќе бидете дополнително известени.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од февруари 2017 година го спроведува Обуките се дел од проектот: Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци. Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија за политики кои ја штитат слободата на изразување.

Вашиот интерес може да го изразите со пријава на вашите лични податоци (име, презиме, организација од која доаѓате и контакт) на e-mail: info@isshs.edu.mk најдоцна до 12.02.2018.

Контакт лица:

Ана Блажева – Институт за општествени и хуманистички науки – тел. 072 307 701
Елизабета Столева – Здружение на новинари на Македонија – тел. 02 3298 139

 

[1] За учесниците кои доаѓаат од други градови ќе биде обезбеден престој и патни трошоци.

 

ПОВИК ЗА ОБУКИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ