+389 2 3113 059
enmk

Повик за 4-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи

Повик за 5-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи

ИОХН-Скопје
Објавува повик за 4-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи. Потребни се следниве профили:

– 1 доктор на науки од областа на политичките науки или друго поле на општествените науки со истражувачко искуство во областа на мултидисциплинарните анализи на политики. Пожелно е академско звање или научно во кое е избран според Законот за наука и/или Законот за високо образование на Република Македонија

-1 докторант од областа на општесвените науки со искуство во анализи од областа на интердисциплинарните policy студии со цел да се проучи поширокиот контекст на управување во кој се воведуваат и спорведуваат медиумиските политики на државата.

-1 магистрант од областа на општесвените науки со искуство во анализи од областа на интердисциплинарните policy студии со цел да се проучи поширокиот контекст на управување во кој се воведуваат и спорведуваат медиумиските политики на државата.

-1 доктор на науки од областа на филологијата или друго поле на хуманистичките науки кое способен да изведе дискурзивна анализа или лингивстичка форензика на македонскиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги и да го спореди со севкупното европско законодавство. Потребна е анализа на секој од европските закони засебно како и заедничките документи на Унијата од типот на директиви и слично

-1 доктор по правни науки или друго поле на општествените и хуманистички науки кој има академски или научен степен според Законот за наука и/или Законот за високо образование и ќе биде задолжен за анализа на правните аспекти на постоечките јавни политики во областа на медиумите. Исто така ќе биде задолжен и за реценцирање на квалитетот на анализата. Степен научен советник или редовен професор е пожелен.

Ангажманот во текот на 10 месеци е повремен и вклучува учество во спроведување на Regulatory impact assessment од областа на програмските слободи и работа на полиси анализа со препораки. Услови на повикот:

Предвидената дневница на истражувачите е 65-75 евра во денарска противвредност (зависно од степенот на задачата според фазата во истражувањето).

Рок на доставување пријави 15 МАРТ 2017.

Рок на одлука 31 МАРТ 2017.

Датум на објава на оглас: 1 МАРТ 2017.