+389 2 3113 059

Јавно предавање во ИОХН-С

Јавно предавање во ИОХН-С

ИОХН-С со задоволство ве поканува на 19.08.2013 (понеделник) со почеток во 19 часот на „Јавно предавање и отворен ден на постдипломските студии на ИОХН-С“

Проследете го предавањето на доц.д-р Маја Мухиќ ( дел од редовниот професорски кадар на ИОХН-С) на тема „ Интерсекцијата на дистописка (СФ) литература и современите теми на културната антропологија

Ова предавање црпи инспирација од две дисциплини – културна антропологија и дистописка литература во форма на СФ (научно фантастичен) жанр. Иако за СФ-от, се зборува како за жанр кој се раѓа како резултат на развојот на науката, како и на природно-научните, но и антрополошки и археолошки истражувања, предавањето тежнее да укаже на неверојатно богатиот материјал и визија кој ваквиот жанр и неговата репопуларизација денес, може да им ги понуди на современите антрополошки анализи. Најголемиот број дистописки новели ја проектирата мрачната иднина во која владеат технологијата, технократијата и сеприсутната контрола со што индивудалецот е потполно загубен и згаснат. Споредувањето на темите на дистописката СФ литература (нејзината реакција кон светот каков што го знаеме, преиспитувањето на моралниот аспект на војните, науката, насилието, технологијата) со современите теми со кои се занимава антропологијата, е главната цел на ова предавање. Согледувањето на силата на ваквата интердисциплинарност за идни истражувања е мотивот на оваа тема.

По предавањето на доц.д-р Маја Мухиќ следува кратка презентација на двете студиски програми кој ги нуди Институтот. Можност одблизу да се запознаете со условите и предностите на студирање во ИОХН-С, како и можност за непосредна средба со професорките и професорите дел од редовниот професорски кадар на Институтот кој ќе ви запознаат со нивниот стил на работа како и со меѓународно реномираните имиња што ќе гостуваат на нивните часови.

Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот на ул. „20-ти октомври“ бр.8, 2 кат, 1000 Скопје (мапа за полесно да не најдете:http://tinyurl.com/kdb6p7e)
За да излеземе во пресрет на сите заинтересирани препорачуваме да се регистрирате за настанот со испраќање на порака на нашата facebook страница/ група Постдипломски студии /ISSHS

Маја Мухиќ студирала филозофија, културна антропологија и родови студии. Нејзиното интердисциплинарно академско искуство го насочува нејзиниот интерес во сферата на феминистичката филозофија, теориите на мултикултурализмот, постколонијалната теорија и интерпретативна/симболичката антропологија. Пишува на теми како што се формирањето и комплексноста на етничките идентитети, мултикултурализмот, ритуалните симболики, итн. Нејзиниот текст објавен во меѓународното списание Anthropology of East Europe Review со наслов „Multiculturalism in Central and Eastern Europe: Challenge or Threat?”, достапен за преземање на:http://scholarworks.iu.edu/journals/index.php/aeer/article/view/300/376

Leave a Reply