+389 2 3113 059

Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување

Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија во текот на 2015/2016 година работи на проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување“.

Општата цел на проектот е, по пат на препораки за политики и нивно застапување во јавноста, да придонесе за зголемување на слободата на изразување во пошироката јавност во Република Македонија.

Проектот се спроведува преку следните активности:
– Истражување на политиките во неколку сектори за влијанието на регулативите врз слободата на изразување, здружување и организирање штрајк;
– Воспоставување платформа за интерсекторско поврзување на граѓанското општество за застапување на правото на слобода на изразување;
– Развивање на комуникациски стратегии на застапување и
– Кампања и застапување преку дефинирање и дисеминација на препораки за институциите

Leave a Reply