+389 2 3113 059

Демографско истражување во Северна Македонија

Демографско истражување во Северна Македонија

Во 2020-2021 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведе проектот „Демографско истражување во Северна Македонија,“ со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). Целта беше да се направи демографско профилирање на мотивацијата на гласачите и потребите за едукација во врска со информираното гласачко однесување. Истражувањето се состои од деск анализа-преглед на постоечката литература со демографско профилирање на гласачите. Активностите вклучија и квантитативно и квалитативно истражување што резултираа во сеопфатна демографска анализа на десетте демографски групи: урбана популација, рурална популација, рурални жени, млади, рурална младина, многу сиромашни, долгорочно невработени, лица со посебни потреби, оддалечени заедници и други етнички малцинства. Анализата содржи податоци за нивните гласачките приоритети, ригидности, мотивации и сл.