+389 2 3113 059

Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци

Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од февруари 2017 година го спроведува проектот: Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци. Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија.

Една од специфичните цели на проектот е да спроведе сеопфатна анализа за влијаниата од постоечката регулатива спроведувана од регулаторното тело со фокус на ефектите врз слободата на изразување, особено уредничката слобода која е загрозена со прекумерната регулација во законот.

Проектот исто така ќе ја опфати потребата и недостатокот на ефективен дијалог помеѓу главните засегнати страни преку креирање на консултативни механизми за усвојување на предлозите и решенијата за политиките за прашањата поврзани со медиумската регулација и слободата на изразување. Ќе се спроведе и кампања како дел од процесот на застапување засновано на податоци која ќе има за цел да ги објасни и поттикне засегнтите страни и јавноста за потребата и релевантноста на предложените интервенции во политиките кои ќе призлезат од претходно спроведената анализа.
Дополнително проектот ќе овозможи јакнење на капацитетите на организациите и граѓанските иницијативи кои дејствуваат на полето на слободата на изразување во медиумите преку нивна обука за истражување ориентирано кон јавни политики и користење на податоци во процесот на застапување (застапување засновано на податоци).

Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.

Leave a Reply