+389 2 3113 059

ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНИОТ РАЗВОЈ И АКАДЕМСКОТО САМОУСОВРШУВАЊЕ

ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНИОТ РАЗВОЈ И АКАДЕМСКОТО САМОУСОВРШУВАЊЕ

Полиси мемо
ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНИОТ РАЗВОЈ И АКАДЕМСКОТО САМОУСОВРШУВАЊЕ како предуслов за развивање на економија базирана на знаење
Катерина Колозова

1.Резиме

Во годината кога иновациите и знаењето се прогласени за економски и развоен приоритет на Македонија според ИПА2, Македонија е сѐ уште фиксирана на средно стручно и т.н. vocational training. Освен како резерворар на евтина работна сила, Македонија треба и може да биде економија базирана на научни откритија од сите области, а хуманистиката и општествените науки да се врзат тесно со технолошките иновации како и со применентите знаења на студиите на политики. За вакво нешто да се случи, Македонија мора да вложи забрзано во градење на основните вештини и способности на локалниот истражувачки кадар. Но, исто така, таа мора да вложи во негова интернационализација: способност да се учествува на меѓународни настани на рамна нога барем во техничките компетенцции, но и можноста да се биде во контекст на меѓународни дебати. За ова да се случи, Македонија треба да се претвори во европски меѓународен hub на смели научни експерименти. Со самото ова, не само што ќе се произведува знаење за економијата туку самото производство на знаење ќе стане форма на економија (науката како „креативна индустрија.“

2.Проблемите и како да постапиме во поглед на нив

„Филозофската грешка“ на претходната влада беше во идејата дека успешноста може да се наложи со указ, без идеја дека инфраструктурата е она што обезбедува успех на системско ниво а не на принцип на поединци-исклучоци. Додека финанскираше научно напредување на нашите кадри на „првите 100 универзитети“ секторот наука го остави без средства, кадар и не донесе никакви политики ниту обезбеди програми што ќе ја зајакнат способноста на кадрите за меѓународен научен натпреваер. Со други збориви, очекуваше успехот да „падне од небо“ а ако не падне, казнуваше.

А филозофската и терминолошка грешка е очигледна: успехот во секоја област, па така и во научната, е индикатор на политиките на управување. Тој е мерилото дали политиките се добри или не, односно дали се успешни. Успехот не се наложува со декрет, не се добива со сила и стап туку тој произлегува од успешните политики. Со други зборови:

-државата треба најпрвин да усвои и да отпочне со практикување политики кои ќе овозможат меѓународно академско напредување и јакнење на капацитетите на академскиот кадар, а, според сите правила на менаџментот, „успехот“ или

-престижните публикации ќе бидат индикатор на успешноста на овие политики.

Ова е основната логика на планирање на секоја стратегија за развој па и на секој посебен проект или бизнис план. Затоа, несфатлива е обратната логика на претходната влада во планирањето на политиките од областа на високото образование впишани во над 20 измени и дополнувања на Законот за високо образование во Република Македонија.

Академската заедница жестоко се спротивстави на оние измени предложени на крајот од 2014 и усвоени во првите месеци од 2015 прогласувајќи ги за растемелување на академската автономија. Иако извршната власт се обиде ова спротивставување да го припише на анахроноста и мрзливоста на академската заедница, таа својот протест го поткрепи со следниве основни аргументи кои ние за потребите на овој бриф ги синтетизираме на следниов начин:

1.а. Автономијата не е празно слово на хартија туку се материјализира со тоа што подзаконските акти – или правилниците и статутите – на академската установа ги детализираат критериумите на успех на своите научни работници.
1.б. Обезвреднувањето на поздаконските акти произведени од високообразовните институции установи по пат на впишување на критериумите во закон значи преземање на автономијата во пракса. Исто така, вака детализирани закони кои веќе се претвориле во правилници кои само на хартија се претставуваат како закони (а де факто се правилници) се во судир со основите на правната теорија на која е заснован нашиот правен систем.

2.Законот (а) фаворизира дисциплини и (б) фаворизира компании кои заработуваат од пласирање на академски издавачи.
2.а. Во однос на (а), поточно фаворизирањето на дисциплини, Законот ги составил своите критериуми според природните науки каде што статиите се (можеби?) поважни од книгите, додека кај општествените и, пред сѐ, хуманистичките науки монографиите или книгите се многу позначаен индикатор на успех од статиите.
2.б. Законот фаворизира компании кои заработуваат од пласирање академски издавачи. Овие нешта се и противуставни и противзаконски (на пример, спротивни на одредбите во законите кои се однесуваат на за монополот, интелектуалната сопственост и сл). Имено Web of Science е само друго име за базата на академски списанија на Thomson Reuters, една од бројните и релевантни бази заедно со, на пример, Scopus и Springer. Како е можно оваа или било која друга база која е, едноставно, компанија да е фаворизирана во законски или подзаконски акт, а на тоа да не реагираат разни регулаторни тела, Законодавно-правната комисија и Уставниот суд?

3. Државата треба да изгради и воведе политики што ќе ги зајакнат капацитетите на академската заедница за натпревар на меѓународниот академски пазар, а самата таа, со сопствени зајакнати капацитети треба да го мери сопствениот успех.

За да се зајакнат академските капацитети по пат на почитување на академската автономија, потребно е да се воведат политики кои овозможуваат јакнење на стручните капацитети но и обичните вештини.

Клучни механизми за реализација на ваквите пракси по пат на автономија и изворна академска компетенција се:

– Воведување подзаконски акти на високо-образовните установи кои во детал ќе ги пропишат критериумите на академска вредност и напредување.
– Зајакнување на улогата на Одборот за акредитација наспроти таа на Владата (министерствата) и Парламентот или воведување на независна Агенција за акредитација и евалуација.

3.Да се обезбедат основните предуслови

Политиките што Владата може да ги спроведува преку своите министерства и други тела се следниве:

1. Квалитетот на научните трудови да се подигне со инвестирање во надминувањето на академската и интелектуална изолација на земјата: финансирањето на учество на значајни меѓународни настани од областа кои ќе го изложат научникот на контекст кој овозможува високо ниво на професионална размена, што ги подига стандардите, каналите на размена на информација и, со тоа, го прави трудот на научникот покомпетитивен. (Не може да се очекува издавање трудови кај издавачи со светско реноме од луѓе што живеат во интелектуална провинција/изолација). Ударната стратегија за кревање на нивото на научната работа се сведува на ова, а престижните публикации ќе бидат логичен резултат од ваквата инвестиција.

2. Обезбедување средства за организирање научни настани од меѓународно значење без да се ограничуваат на контекстот на Македонија или Балканот. За ова е потребно секторот на наука при МОН да овозможи тренинзи за стандардите и базичните вештини (peer review, формирање организационен одбор, форматирање на два дела keynote и презентации според пријава, и сл.) потребни за организирање квалитетни меѓународни академски настани.

3. Квалитетот на публикациите треба да го оценува академската заедница – преку рецензионите комисии на ВО установи и преку преку Одборот за акредитација или евентуално идна агенција за евалуација (и акредитација) – врз база на својот стручен суд: само таа може да процени дали еден труд е на определено ниво што ниту еден закон ниту правилник не може да го детализира, а не чинивници во Министерството. За да се зајакне квалитетот на телата што проценуваат треба да се вклучат што е можно повеќе професори и истражувачи кои се докажале на меѓународно ниво во својата област (под ова се подразбира интеракција со светските академски центри а тоа значи интеракцијата со регионот и Источна Европа не е доволна).

4. Компаниите како Томсон Ројтерс или продуктите на компании како Шангајската листа не смеат да се фаворизираат со закон: ова е спротивно на Уставот и противзаконито (спротивно на други закони меѓу кои и тие за монопол).

5. При Секторот за наука на МОН и со помош на Одборот или евентуално агенција за евалуација и акредитација потребно е да се формира комисија за проактивни мерки за зајакнување на учеството на Македонија во European Research Area (и со тоа да се зголеми капацитетот за црпење од H2020 фондовите) кој ќе носи програми за финансирање на научниците на нивно учество во меѓународни академски настани, програми за тренинзи за пишување на предлог-проекти за програмите на H2020, и останатото споменато погоре.

6. За да се подигнат капацитетите и квалитетот на истражувања, мора да се надмине проблемот на интелектуална изолација на земјата: преку секторот за наука треба да се финансира учество на меѓународни собири – симпозиуми и конференции – каде што работниот јазик е англиски, француски, германски или некој друг од светските јазици. Пријавите треба да ги оценува панел од професори и/или научници од областа со меѓународен состав: гостин од Западна Европа (за да се избегне лобирањето преку регионалните ЕУ членките).

Ова се само првите мерки за создавање предуслови за меѓународен научен hub кој ќе биде мултидисциплинарен и иновативно дрзок, како еден вид нова индустрија која ќе биде создадена со помош на зајакнати локални кадри и меѓународна интелектуална авангарда (а не естаблишмент).

ПРЕДЛОГ ПОЛИТИКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАУЧНИОТ РАЗВОЈ И АКАДЕМСКОТО САМОУСОВРШУВАЊЕ

Leave a Reply