+389 2 3113 059

Прирачник за застапување засновано на податоци

Прирачник за застапување засновано на податоци

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го претставува Прирачникот за застапување засновано на податоци . Прирачникот има за цел да придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесите на застапување со посебен фокус на застапувањето засновано на податоци. Моделот за застапување засновано на податоци подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики. Прирачникот содржи објаснување и практични примери за сите фази од процесот на застапување и може да послужи како алатка за граѓанските организации во осмислување и спроведување на сеопфатен процес на застапување со кој се овозможува заштита и промоција на слободата на изразување и здружување и придонесува кон нивна вклученост на во процесите на донесување одлуки и креирање политики.

Овој прирачник е резултат на проектот Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и здружување кој Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува со поддршка од програмата Цивика Мобилитас (CIVICA Moblilitas). Ова е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која ја спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Целта на проектот е зајакнување на знаењата и капацитетите на граѓанските организации за промовирање, заштита и застапување на слободата на здружување и изразување.

Прирачникот може да го преземете подолу на линкот:

Прирачник за застапување засновано на податоци

Leave a Reply