+389 2 3113 059

Промовирање на социјално и финансиско образование во програмата за животни вештини во основното образование во Македонија

Промовирање на социјално и финансиско образование во програмата за животни вештини во основното образование во Македонија

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во периодот ноември 2014 – јули 2015 работеше на проектот „Промовирање на социјално и финансиско образование во програмата за животни вештини во основното образование во Македонија “. Проектот беше поддржан од УНИЦЕФ-Македонија и Aflatoun, а беше имплементиран од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, ИОХН-С и други национални експерти за образование.

Целта на проектот беше да се развие курикулум за социјално и финансиско образование во националниот образовен систем.

Главните активности во проектот беа:
– Воведување на курикулумот за социјално и финансиско образование во основното образование;
– Развивање на материјали за наставниците како дел од програмата за Животни вештини во основното образование;
– Имплементација на наставни и воннаставни активности во пилот училишта;
– Евалуација и препораки за подобрување

Leave a Reply