+389 2 3113 059

Студии за Родот во медиумите во Македонија (2012 - 2013)

Студии за Родот во медиумите во Македонија (2012 – 2013)

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје спроведе две студии за родот во медиумите во Македонија во 2012 и 2013 година, за потребите на Советот за радиодифузија.

Анализите се однесуваат на третирањето на родовите прашања и начинот на претставување и прикажување на мажите и жените во програмите на радиодифузерите, за кои Советот е надлежен да врши надзор.

За анализата на содржина и дискурзивната анализа на двете студии беа користени четири различни примерока од ТВ програмите со четири различни инструменти – прашалници (по два за секоја година).

Во овие истражувања беа користени примероци од содржините на неколку национални телевизии, кои имаат најголено влијание врз јавноста. Примероците, кои беа составени од централни изданија на дневните вести и информативни емисии, беа користени за анализа на родовите прашања, додека примероците кои беа сочинити од изданија на забавните емисии (2012) и реклами (2013) беа користени за анализата на начинот на претставување и прикажување на мажите и жените.

Користената методологија и во двете истражувања беше базирана на квалитативна анализа (начин на говор и прикажувања како методолошки пристап), но се користеа и квантитативни индикатори и податоци.

Истражувањата покажаа многу поголемо присуство на мажите во споредба со жените. Во поглед на информативните содржини, може да се заклучи дека не се користи родово сензитивен пристап во известувањето, туку само информирање за настани. Се користи родово неутрален јазик, кој подразбира исклучиво користење на машки именки и придавки. Во забавните емисии и рекламите, како што беше очекувано, се прикажуват женски тела (но не како активни чинители), се користат сексистички изјави и презентирање на женското тело како објект за забава. Прикажувањето на машките и женските родови улоги во рекламите рефлектира силна стереотипизација.

Несомнено, родова еднаквост може да се постигне со подигање на свеста кај јавноста, а клучен фактор за тоа се електронските медиуми. Покрај известување, медиумите вршат селекција на тоа што, во колкава мера и на кој начин тоа ќе известуват. На тој начин изборот да се прикажат родово релевантни теми е одлука на самите медиуми.

Затоа потребно е поактивно вклучување на телевизиите во промовирање на вредности кои се однесуваат на родова еднаквост, со кои би се надминала родовата асиметрија во јавниот дискурс.

Препораките од овие анализи се следните:

– Поголемо присуство на жени-експертки и/или политичарки;

– Воведување теми кои директно ги засегаат прашањата на еднаква родова застапеност во структурите на одлучување, во општествената и политичката сфера;

– Воведување теми кои се од суштествен интерес за родовата еднаквост во Македонија;

– Медиумите да делуваат проактивно: да воведат родово нестереотипни содржини и родово сензибилни содржини во програмите;

– Организирање на обуки и дебати за оваа проблематика.

Анализа за Родот во телевизиските програми 2012

Анализа за Родот во телевизиските програми 2013

Leave a Reply