+389 2 3113 059
enmk

Иновација во Образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки

Иновација во Образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје, со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја организира првата интензивна програма за учење (летна школа) што се реализира како дел од стратешкото партнерство со Универзитетот на Утрехт од Холандија и Софискиот универзитет од Бугарија.

Партнерството помеѓу трите високообразовни институции е дел од Ерзмус+ програмата на ЕУ со чија поддршка се спроведува проектот „Иновација во Образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки.“ Проектот работи на развивање на иновативни пристапи во високото образование преку интердисциплинарно поврзување на филозофијата, лингвистиката, уметностите, когнитивните науки и технологијата во истражување на прашања релевантни за современите општества. Поттикнувајќи иновативни истражувачки вештини се јакнат капацитетите на младите за можноста од нивно вклучување во динамичните текови на европската економија заснована на истражување и иновација.

Школата ќе се одржи од 18- 22 септември 2019 година во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје. Целта на школата е да ја продлабочи дискусијата за две предложени интердисциплинарни наставни програми „Постхуманизам и когнитивни науки“ и „Технологија, уметност и хуманистика.“ Надвор од регистрираните учесници, на школата се поканети и претставници на наставниот кадар на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ како и претставници на Министерството за образование и наука.

Агенда