+389 2 3113 059
enmk

Jавно мислење во врска со политичката криза

5 Jun 2017

Jавно мислење во врска со политичката криза

Во периодот мај-јуни 2016, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, спроведе истражување на јавното мислење на жителите од осумте региони во Р. Македонија: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски, на национален репрезентативен примерок од 900 испитаници.

Граѓаните одговорија на прашања поврзани со Пржинскииот договор, посакуваната форма на преодна влада, како и во однос на прашањата на доверба во политичарите и невладиниот сектор.

За внесувањето и обработката на податоците беше користен професионален софтвер пакет SPSS за Windows.

Алатките за прибирање на податоци (прашалниците) беа конструирани од страна на членовите на истражувачкиот тим.

Резимето од анкетата можете да го најдете на линкот подолу

Податоци од спроведена телефонска анкета за перцепцијата и мислењето на граѓаните во врска со политичката криза

Leave a Reply