+389 2 3113 059
enmk

Повик за учесници

Повик за учесници

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје Ве поканува да учествувате на работилница „Ефектите од поларизирачки дискурс“ која ќе се одржи на 14.11.2019 година во Кафе бар „Легионер“ во 11 часот во Валандово. Работилницата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Работилницата има за цел да ја зголеми свесноста за ефектите од поларизацијата кон демократските процеси и процесите на носење на политики. Исто така сметаме дека ќе придонесе кон сензибилизирање за потребите и ставовите на претставници од различни општествени актери, цивилното општество, медиумите и политичките партии и актери преку отворање на можност за користење на дијалог во функција на разрешување на конфликти и процес на креирање на политики.

Пријавувањето трае до 12.11.2019 година. Заради ограничениот број на учесници ве молиме вашата пријава за учество да ја исратите на маил: info@isshs.edu.mk.