+389 2 3113 059

Д-р Марјан Петрески, визитинг наставник

Д-р Марјан Петрески, визитинг наставник

Марјан Петрески е надворешен професор на постдипломските студии на ИОХН-С и редовен професор по економија на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Тој е ко-основач на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, истакнат и влијателен економски тинк тенк. Специјализирал во истражување и настава во применета економија, со фокус врз пазарот на труд, сиромаштија и нееднаквост.

Петрески докторирал Eкономија на Универзитетот Стафордшир, Велика Британија во 2011 година. Престојувал на неколку пост-докторски престои, меѓу кои на Универзитетот од Мичиген во САД (2019) и на Универзитетот Хитотсубаши во Јапонија (2016). Неговите истражувања се објавени во рецензирани меѓународни списанија, од кои 32 труда во списанија индексирани на Web of Science. За своите истражувања, тој има добиено награда за млади научници во 2009 од Македонската академија на науките и уметностите и Olga Radzyner награда во 2010 од Централната банка на Австрија. Моментално, Петрески е истражувачки соработник на Партнерството за економски политики.