+389 2 3113 059

Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество

Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество

На 10.03.2014 во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје беше одржан првиот планиран состанок за вмрежување во рамки на проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ кој се спроведува во соработка со УСАИД Македонија и Фондацијата Институт Отворено Општество. На средбата присуствуваа 12 претставници од девет медиуми и граѓански организации, на ниво на цела република.

Првичната цел да се отвори поширока дебата за важноста на медиумската и граѓанската слобода беше постигната. На состанокот со ентузијазам се дискутираше за градење на коалиции на актери за потранспарентен и партиципативен прогрес во работата на медиумите и воопшто, невладиниот сектор. Средбата овозможи простор да се коментира актуелната состојба во која се наоѓаат македонските граѓански организации и медиуми преку примери на учесниците. Како позначајни теми кои се дискутираа беа:

– Како да се промени генералната слика кон невладиниот сектор и да се надмине стереотипот дека се пералници на пари
– Како истражувањата од невладините организации да станат повидливи за граѓаните, а не да се третираат како минлива вест
– Поголема самокритичност кај медиумите, како и формирање тело за самоевалуација
– Обука на населението за поголема медиумска писменост
– Поотворен и потранспарентен однос на невладините организации кон медиумите
– Поголем притисок кон медиумите за објективно известување
– Поголема солидарност меѓу самите невладини организации и медиуми

Набрзо ќе се одржат и другите планирани состаноци за вмрежување на здруженија и поединци кои се занимаваат со правото на информирање и јакнење на граѓанското општество.
На овие средби ќе се одредат основните теми на кои ќе се дискутира на јавните дебати. Тие ќе ги адресираат потребите и интересите на сите граѓани во поглед на правичното и коректно информирање, но и нивна поголема општествена вклученост во прашањата кои се поврзани со медиумската и новинарската слобода.

Leave a Reply