МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ИОХН-С, УОМ – СОЛУН И ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ – УКИМ
Фото галерија од потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Школата за економски и регионални студии од Универзитетот Македонија во Солун и Економскиот институт при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. По потпишувањето на документот, следуваше панел дискусија насловена „ Поттикнување на академската соработка на регионално ниво помеѓу Република Северна Македонија и Грција: можности и предизвици“. Панелот беше одржан на 28 февруари 2019 во просториите на Економскиот институт во Скопје.