+389 2 3113 059

Д-р Сенка Анастасова

Д-р Сенка Анастасова

Проф. д-р Сенка Анастасова е професорка на Институтот за хуманистички и општествени науки-Скопје, докторка по философски науки (Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’). Раководителка е на центарот за научни истражувања во општествените науки и уметноста, со седиште во Скопје. Специјализирала во Лондон на Универзитетот Гринич и Универзитетот Лондон, а за нејзината научна работа ја добила Британската награда ,,Воја Кондиќ’’. Предавала на бројни европски и светски универзитети меѓу кои, во Aмерика, Австралија, Грција. Од 2015 г. воспоставува академска соработка со Институтот за уметности во Сан Франциско, Соединети Американски Држави. Нејзин домен на научен интерес: философија на општествените и хуманистичките науки, современи теории на културата/супкултурата, студии на култура, радикални студии на културата, феминистичка политичка економија, постколонијализам, политичка филозофија, естетика, феноменологија на филм. Ги предава предметите: Вовед во студии на културата, Постколонијализам, Визуелна култура, Култура, род и политика. Ги објавила научните книги: Современа популарна култура, студии на културата (2012) и Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ (2007). Членка е на Асоцијацијата за студии на култура (Соединети Американски Држави) и Американската политичко-научна асоцијација (АПСА). Објавува од доменот на феминистичката политичка економија низ периодиката.