+389 2 3113 059

Граѓаните нудат можни решенија за подобрување на бугарско-македонските однос

На наше големо задоволство Ве покануваме да го проследите on line панелот „Граѓаните нудат можни решенија за подобрување на бугарско-македонските однос“. Коментатори на понудените идеи и гости во подкастот се проф. д-р Владо Бучковски и проф. д-р Стефан Дечев. Овие мислења на граѓаните од двете земји се собрани преку платформата Алијанси за ЕУ (Alliances for EU https://www.alliancesforeu.org/). Панелот ќе се одржи on line на 25 мај 2023 година во 14 часот и истиот може да се проследи на YouTube каналот на Институтот (https://www.youtube.com/@isshskopje2763) и на Facebook профилот на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (https://www.facebook.com/ISSH.SK)


Проектот „Здружени за ЕУ“ (Alliances for EU) https://www.alliancesforeu.org/ поддржан од Вишеграскиот фонд (IVF) и МНР на Република Кореа, нуди анализи и инцијативи на застапување кои имаат за цел да ги деполаризираат меѓукултурните односи на Македонија и Бугарија, и, со тоа, да помогнат да се надмине можноста од нов застој во процесот на проширувањето на ЕУ. Овој проект се надоврзува на претходните иницијативи обединети под насловот „Авении на соработка“ (Avenues of Cooperation), во облик на два проекта кои се надоврзуваа, едниот поддржан од USAID-BTD а другиот, повторно, од Вишеградскиот фонд. Проектот им дава глас на оние кои бараат решенија наместо проблеми, причини да се биде пријател наместо да се мрази, и на оние кои се способни за самокритика пред да критикуваат други – тоа се аспектите на деполаризација на овој проект. Другиот аспект е споделената цврста посветеност на ЕУ проширувањето.