+389 2 3113 059
enmk

Повик за учесници

Повик за учесници

Ве покануваме да учествувате на работилница „Ефектите од поларизирачки дискурс“ која ќе се одржи на 29.11.2019 година во Хотел „Театар“ во Битола во 17 часот. Работилницата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.

Работилницата има за цел да ја зголеми свесноста за ефектите од поларизацијата врз демократските процеси и процесите на носење на политики. Исто така сметаме дека ќе придонесе кон сензибилизирање за потребите и ставовите на претставници од различни општествени актери, граѓанското општество, медиумите и политичките партии и актери преку отворање на можност за користење на дијалог во функција на разрешување на конфликти и процес на креирање на политики.

Пријавувањето трае до 25.11.2019 година. Заради ограничениот број на учесници ве молиме пријавите за учество на претставниците од вашата организација да ги испратите на маил: info@isshs.edu.mk.