+389 2 3113 059

Магистерски студии: Родови студии

Родовите студии се интердисиплинарна област кое спаѓа во подрачјето на општествените и хуманистичките науки. Неговата интердисциплинарна природа едновремено мобилизира приоди: психолошкиот, филозофскиот, историскиот, социолошкиот, културолошкиот, комуниколошкиот и други. Родовите студии се подрачје кое ги изучува моделите на патријархализмот, родовата асиметрија и е ангажирано во правец на постигнување поголема родова еднаквост, а не само на толкување на родовите односи. Па така, современата политичка теорија и филозофија, студиите на културата (како општествена теорија) се едни од централните полиња, како и епистемологијата и методологијата, кои, како што споменавме погоре, се обединувачкиот механизам на секоја па и на оваа интердисциплинарна студиска програма. Со оглед на тоа дека прашањата на родот се колку колективна општествена појава толку и прашање на конституирање на субјективитет/идентитет, полиња кои нашата студиска област ги покрива се и психоаналитичката теорија, постструктуралистичките теории на идентитетот и семиолошко-семиотичките подрачје.

Професионални можности: Пазарот на трудот има потреба од специјалисти од ова подрачје, наметната од појавата на институционални тела како комисиите за родова еднаквост на ниво на локалната самоуправа, други посебни единици во јавната администрација на централно ниво, како и од приватниот и цивилниот сектор во кој има потреба од родови специјалисти (на пример, стручна поддршка на жени-жртви на семејно насилство, женско претрприемништво и слично).

Научен назив со кој се стекнува студентот по завршување на студиската програма:
По завршувањето на студиите и успешната одбрана на магистерскиот труд студентот се стекнува со научен степен: Магистер (м-р) по родови студии. Соодветниот научен степен го стекнуваат кандидатите кои од првиот и вториот циклус на студии ќе се освојат вкупно 300 кредити (ЕКТС).

Услови за запишување: Диплома (уверение) за завршени 4 години студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од прв циклус од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов иако претставува предност, исто како и богатото CV на кандидатката/кандидатот.

Контакт лице: Ристо Алексовски, Доц. д-р Викторија Боровска [email protected],
Телефон: +389 2 3113 059
Интернет страница: www.isshs.edu.mk

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Трошоци на студирање:
– Цената на студиската програма е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање, одбраната на магистерската теза се плаќа одделно.

Освен во образовните активности, кандидатите, доколку се заинтересирани, можат да бидат вклучени и во проекти кои Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје спроведува: истражувања (особено анализи на политиките) на теми што се однесуваат на општеството, културата, политиката и родовите а, исто така, организира и настани како конференции, јавни дебати, симпозиуми и летни школи. Издаваштвото е дел од редовните активности на Институтот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ МЕТОДОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ 

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

ЛИСТА НА ПРЕДМЕТИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

ОПИС НА ПРЕДМЕТИТЕ

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

PARAQITJE PËR REGJISTRIM