+389 2 3113 059

Програмска заложба

Дополнение на програмската заложба

Пост-пандемиската ера во Европа ги забрза процесите на нејзина реконцептуализација на поимите на демократија, вклученост, општествено-економски развој и на нејзините темелни вредности и принципи во согласност со таканаречената „двојна транзиција,“ дигиталната и зелената. Европа, не сведувајќи ја исклучиво на Европската Унија, во центарот на своите напори за сеопшто закрепнување го стави потполното преобмислување на образовниот и истражувачки инфраструктурен и човечки потенцијал како главен двигател на економската и општествена одржливост но и напредок. Според речиси сите стратешки документи на ЕУ кои ја обележуваат пост-2020 ерата, поимите на демократија, општествена вклученост и економска добросостојба како и процесите на ЕУ интеграција мора радикално да се преобмислат сообразени со контекстот на „двојната транзиција.“ Образованието и науката (или иновацијата) не се само обични аспекти на споменатите стратегии туку нивната срцевина. ИОХН-С се заложува да се зафати со длабинска анализа на овие процеси разбрани како органска целина. но и со активно застапување и преобликување на својата образовна програма.

Мотото на Институтот „тројното А“ (анализа, активизам, академија) е редефинирано во согласност со процесите опишани во ова Дополнение на програмската заложба. Па така, „тројното А“ е дополнето со „тројно Д“ (со поимите на англиски):
– (Democracy) Демократија сообразена со европската „двојна транзиција“;
– (Digitalization) Дигитализација на образованието, економијата и владеењето;
– (Development) Развој по пат на иновација и општествена трансформација.

Прочитајте за основачката програмска заложба на Институтот

Основната дејност на Институтот се состои од спроведување применети истражувања од областите на општествените науки и хуманистиката. Посветени сме на тоа низ нашата работа да покажеме дека дихотомијата помеѓу теоријата и праксата е лажна доколку особината што ја определува работата е научната ригорозност и методолошката доследност. Уверени сме дека политичката и општествена теорија мора да биде поткрепена и оправдана со податоци но, исто така, и применлива. Затоа, политичките студии, општествената теорија и теориските опити во хуманистиката со кои се зафаќаме мора секогаш да бидат преобразени во студии на политики. Студиите на политики, пак, од своја страна, најчесто служат како појдовна точка во градењето нови теории, и тоа следејќи ја патеката: од конкретното кон апстрактното. Праксата и применливоста ја оправдуваат теоријата, а не обратн
Read more