+389 2 3113 059

Проф. д-р Ана Блажева

Проф. д-р Ана Блажева

Д-р Ана Блажева, виш научен соработник/вонреден професор на Институтот за општествени науки и хуманитарни науки – Скопје. Дипломирала психологија, завршила магистерски студии по социологија и род и докторирала на студии на култура. Предава квалитативна методологија на истражување и изборни предмети: родови политики; и емоции и политика. Нејзиното истражувачко искуство е во обласите на политиките, родот, медиумите, социјалното вклучување, образованието, младите и др. Таа има објавено извештаи од истражувања, анализи на политики, академски трудови и прирачници. Нејзиниот интерес е интердисциплинарен пристап кон емоциите и политиката. Таа е исто така сертифициран психотерапевт и работи во приватна пракса.

 

Email: ana.blazeva@isshs.edu.mk
Телефон/Факс: +389 2 3113 059