Проф. д-р Катерина Колозова
извршен директор/ научен советник/ редовен професор
[email protected]
Д-р Катерина Колозова е научен советник/редовен професор на Институтот за општествени и хуманистички науки како и негова директорка. На Институтот, професор е по студии на политики (policy studies), политичка филозофија и родови студии. Предава и филозофија на правото на Универзитетот Американ Колеџ-Скопје на докторско ниво. На Факултетот за медиуми и комуникации – Белград: Оддел за критички политички студии, професор е по современа политичка филозофија. Во 2019, Катерина Колозова беше визитинг научник на универзитетот Columbia University-School of International Public Affairs во нивниот Глобален центар во Париз-Франција каде што работеше на темата „авторитаризам и феминизам во Европа.“ Проф. Колозова била и визитинг-професор на Универзитетот на Калифорнија-Беркли, каде што работела на истражување под колегијална супервизија на проф. Џудит Батлер и со поддршка на Фулбрајт фондацијата. Била супервизор на бројни докторски и магистерски тези на повеќе универзитети во Западна Европа и во регионот на ЈИЕ. Координатор е на бројни студии на политики/применети општествени науки на темата илиберална демократија, „заробена држава“, слобода на медиумите и академските слободи. Автор е на повеќе меѓународни монографии како Capitalism’s Holocaust of Animals издадена од Bloomsbury Academic-UK во 2019, додека нејзина најцитирана книга е Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy издадена од Columbia University Press-NY, 2014.
Проф. Катерина Колозова се занимава со научна анализа од областа на студиите на политики, а теми со кои потесно се занимава во последната деценија е растот на авторитаризмот во национален како во поширокиот контекст на Европа. Таа се јавува како раководителка на голем број студии за авторитарното заробување на државата карактеристични за ерата на илиберално-демократското владеење во Македонија од 2009 до 2015, како и во областа на аналитички мониторинг на обидите на земјата за “одзаробување” на јавниот апарат. Со новата методологија на пристапување кон ЕУ, оваа тема се формулира како интерсекторски и мултипроблемски мониторинг на тема демократски институции и примена на Кластер 1 во сите области на јавниот сектор. Нејзините публикации од областа на студиите на политики, како на оваа тема, така и на темата на интеркултурно помирување соседните земји членки на ЕУ, се рангирани меѓу 5те најбарани политички студии од земјата на Централно-источноевропската онлајн библиотека (со седиште во Германија) уште од крајот на 2021. Заедно со Николо Миланезе (European Alternatives-Paris) таа го приреди меѓународниот том на тема „нелибералните демократии”, сега веќе објавен од страна на Универзитетот Џорџ Вашингтон од Вашингтон ДЦ (САД) насловен „Илибералните демократии во Европа, авторитарен предизвик на кризата на либерализмот“ (2023). Заедно со Иван Вејвода, таа е коорганизатор на две работилници во 2019 и 2020 година за нелибералната демократија и демократското отстапување во регионот и во Европа одржани од страна Институтот за хуманистички студии од Виена (IWM), како и во Берлин со Aspen институт и Freie Universitaet (Политички науки) одржан во март 2019 г. а во соорганизација со ИОХН-Скопје. Сличен настан коорганизираше и со тинк тенкот од Париз Еуропа Нова и факултетот SciPo во октомври 2019. Таа е коавтор на повеќе меѓународни колумни (Ал Џазира на англиски, Open Democracy, Journal du Dimanche и други). Нејзина потесна специјалност остануваат и родовите студии. Реформите во образовниот и научен сектор и нивно доследно сообразување до принципите и документите на Болоњскиот процес, и особено примената на двојната транзиција (дигитална и зелена) во овој процес, е една од главните теми на анализите на политики на Колозова. Во периодот 2021-2022 како волонтер учествуваше во тимовите на експерти кои го советуваа МОН на тема реформи во сектор наука. Од август 2023, таа е ангажирана од страна на Секретаријатот за европски прашања како експерт за поглавјето 26, Кластерот 3 на реформите и доследната примена на Болоњскиот процес.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Проф. д-р Викторија Боровска
Програмски директор / Виш научен соработник / вонреден професор
[email protected]
Викторија Боровска е програмски директор и виш научен соработник/вонреден професор при Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Taa е доктор на социолошки науки. Работела на многу истражувачки проекти од областите на општествените и хуманистички науки. Дел од овие проекти и работни позиции биле: Истражувач на проектот: Независна контекст анализа за 2014-2019; Координатор и истражувач од македонскиот партнер од регионалниот проект: „Религијата во општествата од Западен Балкан“, Истражувач на проектот: Анализа на родовите прашања во програмските концепти и содржини на средствата за јавно информирање и Анализа на начинот на прикажување и претставување на жените и мажите во програмските концепти и содржини; Истражувач и координатор на истражување на јавното мислење за проектот: „Истражување за родова еднаквост во oпштините од Полошкиот регион како дел од прекуграничниот родов меинстриминг“, Истражувач на проектот: „Проектот Скопје 2014 и неговите ефекти врз перцепцијата на граѓаните на Скопје за македонскиот идентитет“; Истражувач на проектот: „Етничка и родова инклузивност во ЛГБТИ движењето во Македонија“; Обучувач на обуките организирани од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје: „Родовата еднаквост како општествена вредност и креирањето политики за нејзино воведување во праксата на институциите и општеството “,Истражувач во проект од седмата рамковна програма на европска Комисија ФП 7 „Род, миграции и интеркултурни односи (Ge.M.I.C).
Исто така, има искуство во креирање на иструвачки методологии од областа на општествените науки, се служи со
Меѓународни списанија и публикации:
(2019) “Role of Religion in the Western Balkans’ Societies – Survey Report North Macedonia,” Occasional Papers on Religion in Eastern Europe: Vol. 39 : Iss. 5 , Article 2. https://digitalcommons.georgefox.edu/ree/
(2019) “Role of Religion in the Western Balkans’ Societies – Cross-Country comparison and Concluding Remarks,” Occasional Papers on Religion in Eastern Europe: Vol. 39 : Iss. 5 , Article 2. https://digitalcommons.georgefox.edu/ree/
(2018) “Impact of Motherhood on Women’s Identity”, author, ANNUAL of ISPJR, Skopje, http://isppi.ukim.edu.mk/images/963860Annual-2018-prv-broj.pdf
(2015) “Demystification of Maternal Ideologies – Maternal Instinct”, a chapter in Tamara Petrovic-Trifunovic, Sanja Milutinovic Bojanic and Gazela Pudar Drasko (eds.) Mind the Gap (s) Family, Socialization and Gender, University of Belgrade, http://instifdt.bg.ac.rs/wp-content/uploads/2015/07/Mind-the-Gap.pdf
(2007) „The Challenges of the Interdisciplinary Character of Teaching Gender Studies“, co-autor, Journal:Identities, Skopje
Изготвени студии на применети политики со препораки:
(2017) „Студија за начинот на претставување и прикажување на родот во медиумите во Македонија“, ко-автор, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Скопје https://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/05/ Истражување-родови-2017.pdf
(2016) „Ефикасно собрание, силна демократија: Визија за подобрување на системот на спреги и кочници во Република Македонија“, ко-автор, Скопје http://www.merc.org.mk/Files/Write/00001/Files/policy_framework/MKD/[D4V] Ефикасно-собрание,-силна-демократија-рамка_МК.pdf
(2015)„Состојбата со еднаквоста во одлучувањето и промиција на родовата еднаквост во полошкиот регион“, ко-автор, Акција Здруженска, Скопје http://zdruzenska.org.mk/wp-content/uploads/2015/11/Izvestaj-Sostojba-so-ednakvosta-vo-odlucuvanjeto-Poloski-region-FINAL.pdf
(2014) „Official Language Usage in Municipalities in the former Yugoslav Republic of Macedonia”, ко-автор, ИОХН-С, Скопје
(2013)„Чиј е Александар Велики?: Прашање на кое се потпира проширувањето на ЕУ“, ко-автор, ИОХН-С, Скопје https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2017/05/Who-owns-Alexander-the-Great-A-Question-Upon-Which-EU-Enlargement-Relies.pdf
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Проф. д-р Ана Блажева
програмски координатор/ Виш научен соработник / вонреден професор
[email protected]
Д-р Ана Блажева, виш научен соработник/вонреден професор на Институтот за општествени науки и хуманитарни науки – Скопје. Дипломирала психологија, завршила магистерски студии по социологија и род и докторирала на студии на култура.
Предава квалитативна методологија на истражување и изборни предмети: родови политики; и емоции и политика. Нејзиното истражувачко искуство е во обласите на политиките, родот, медиумите, социјалното вклучување, образованието, младите и др. Таа има објавено извештаи од истражувања, анализи на политики, академски трудови и прирачници. Нејзиниот интерес е интердисциплинарен пристап кон емоциите и политиката и социо-политичките аспекти на менталното здравје.
Таа е исто така сертифициран психотерапевт и работи во приватна пракса како дел од Асоцијацијата за психологија и психотерапија – Психотерапика и како тренер во Гешталт Институт – Синергија, Скопје.
Email: [email protected]; [email protected]
Tel. +389 72 209 626
Проф. д-р Калина Лечевска
Научен советник / редовен професор
[email protected]
Калина Лечевска е научен советник/редовен професор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Таа е доктор на социолошки науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Св.Кирил и Методиј.
Лечевска има повеќегодишно искуство во дизајнирање на методологија и истражувачки техники во квалитативни и квантитативни анализи. Исто така е автор/ко-автор на бројни научни и апликативни публикации објавени од ИОХН-С, но и од други релевантни организации/институти. Во име на институтот има учествувано на меѓународни конференции/семинари низ европските земји и краткотрајни академски престои во Виена и Берлин.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Проф. д-р Бранимир Јовановиќ
Виш научен соработник / вонреден професор.
[email protected]
Бранимир Јовановиќ е економски истражувач чија специјалност е применетата макроекономија. Има докторат од Универзитетот од Рим „Тор Вергата“ и магистратура од Универзитетот Стафордшир од Англија. Има истражувања на теми како монетарна политика, фискална политика, девизни курсеви, дознаки од странство, економски раст, инвестиции, сиромаштија, нееднаквост, невработеност… Моментално поле на преокупација му се нееднаквоста и сиромаштијата.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Проф. д-р Дона Колар Панов
научен советник/ редовен професор
Проф. Д-р Дона Колар-Панов го стекна своето академско образование во Хрватска, Канада и Автсралија. Докторската дисертација ја одбрани на Универзитетот Murdoch во Перт, Австралија, каде што беше и ангажирана како предавач на Факултетот за хуманистички науки од 1989 до 1995 година. Во 1995 година, проф. Колар-Панов беше именувана за раководител на постдипломските студии на Институтот за Социолошки, правни и политички истражувања при Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје (1995 -2006), каде што во 1997 година ги основа првите постдипломски и докторски студии за Комуникации и медиуми во Македонија. Како декан на Факултетот за комуникации и медиуми при Универзитетот New York во Скопје (2007- 2011), проф. Колар-Панов ги основа и организира првите постдипломски студии по Односи со јавноста, како и постдипломски студии за Комуникации и нови медиуми во Македонија. Како признат експерт во областа на новите медиуми, проф. Колар-Панов беше претседател на организациониот и уредувачкиот одбор на две ,еѓународни конференции од областа на комуникациите и новите медиуми кои беа одржани во 2008 и 2009 година. Нејзиниот интердисциплинарен пристап на истражување резултираше со голем број книги, монографии и други публикации, од кои најцитираното дело е монографијата Video,War and Diasporic Imagination, публикувана од страна на реномираната мултинационална издавачка куќа Routledge во 1997 (ре-публикувана е тринаесет пати). Проф. Колар-Панов беше член на експертската група за изработка на програмата и основањето на првата Висока школа за новинарство и односи со јавноста, и претседател на Матична комисија за основањето на Инстутут за Комуникации, во Скопје. За време на нејзината долгогодишна академска кариера, проф. Колар-Панов членуваше во бројни експертски комисии и групи, како што е Експертска група за формирање на првиот Радиодифузен Совет на Република Македонија и Експертската комисија за доделување на дозволи за работа на независни електронски медиуми во Република Македонија и други. Во 2011 година, проф. Колар-Панов ја продолжува својата академска кариера на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје каде е именувана за декан на Факултетот за комуникации, а во 2017 година е избрана во звање Професор Емеритус по комуникации и медиуми. Во 2014 година, на проф. Колар-Панов ѝ беше доделена меѓународната награда PRO.PR, награда за извонреден придонес во полето на комуникациите и односите со јавноста во Југоисточна Европа. Проф. Колар-Панов се смета за основоположник на студиите по комуникации и нови медиуми во Македонија.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Д-р Сенка Анастасова
Вонреден професор / Виш научен соработник
Проф. д-р Сенка Анастасова е професорка на Институтот за хуманистички и општествени науки-Скопје, докторка по философски науки (Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’). Раководителка е на центарот за научни истражувања во општествените науки и уметноста, со седиште во Скопје. Специјализирала во Лондон на Универзитетот Гринич и Универзитетот Лондон, а за нејзината научна работа ја добила Британската награда ,,Воја Кондиќ’’. Предавала на бројни европски и светски универзитети меѓу кои, во Aмерика, Австралија, Грција. Од 2015 г. воспоставува академска соработка со Институтот за уметности во Сан Франциско, Соединети Американски Држави. Нејзин домен на научен интерес: философија на општествените и хуманистичките науки, современи теории на културата/супкултурата, студии на култура, радикални студии на културата, феминистичка политичка економија, постколонијализам, политичка филозофија, естетика, феноменологија на филм. Ги предава предметите: Вовед во студии на културата, Постколонијализам, Визуелна култура, Култура, род и политика. Ги објавила научните книги: Современа популарна култура, студии на културата (2012) и Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ (2007). Членка е на Асоцијацијата за студии на култура (Соединети Американски Држави) и Американската политичко-научна асоцијација (АПСА). Објавува од доменот на феминистичката политичка економија низ периодиката.
Д-р Димитар Бечев
Виш научен соработник / визитинг професор
Димитар Бечев е директор на Институтот за европска политика, тинк-тенк со седиште во Софија, Бугарија. Претходно бил стипендист истражувач на универзитетот Харвард, Универзитетот во Оксфорд и Лондонската школа за економија, и ја предводеше Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR). Д-р Бечев пишува за надворешните односи на ЕУ, политиката и модерната историја на Турција и Балканот и надворешната политика на Русија. Неговата книга Rival Power (Yale University Press, 2017) ја истражува улогата на Русија во Југоисточна Европа (Балканот, Грција, Кипар и Турција). Тој е редовен колумнист и автор на Al Jazeera, the American Interest, Politico, Foreign Policy, и OpenDemocracy. Има докторирано на Универзитетот во Оксфорд.
Д-р Бечев е исто така стипендист истражувач во Центарот за словенски, евроазиски и источноевропски студии на Универзитетот во Северна Каролина, каде што неговиот истражувачки проект ја испитува надворешната политика на хибридните режими, разгледувајки ги случаите на Русија и Турција. Го испитува влијанието на домашната политика и институции врз надворешните односи.
Доц. Д-р Гордан Георгиев
Виш научен соработник / вонреден професор
[email protected]
Гордан Георгиев е активен во граѓанскиот сектор веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСРД, една од водечките тинк-тенк институции во Македонија и директор на Македонската школа за политика, под покровителство на Советот на Европа и дел од регионалната мрежа од училиштата за политика составена од 15 земји од Балканот, Русија и Комонвелтот на независни држави.
Тој исто така бил ангажиран во проекти на Центарот за истражување на меѓународните односи (CERI) во Париз и во проекти од мисијата на Charles Leopold Mayer Foundation во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Тој е експерт на Фондацијата Вестминстер за демократија (WFD), а работел и како експерт и независен консултант за Швајцарската Агенција за Соработка и Развој (SDC), како и други меѓународни тела.
Неговата експертиза вклучува истражувања и теренски проекти кои се однесуваат на демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, политички, реформи и консолидација на политичките партии, регионална политичка соработка, меѓународни односи и регионални безбедносни прашања, реформа на парламентарните практики, децентрализација и реформа на локалната самоуправа.
Од 2009 до 2013 година, Георгиев беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија (СДСМ), каде што претседавал со Комитетот за култура.
Тој има дипломирано и магистрирано политички науки и меѓународни односи на Институтот за политички науки во Париз, како и има магистрирано Европски студии на Кингс Колеџот од Лондон. Во 2009 година тој ја реализираше Програмата за извршно образование на Харвард. Во 2016 се стекнал со степен доктор по политички науки, работејќи на општествени системски теории и структурите на моќ.
Има објавувано трудови во многу регионални и меѓународни списанија. Георгиев е дел од авторите на “Проблемите на репрезенттивната демократија во Европа “, приредена од Јан Мариус Вирсма (2014, Vangennep Amsterdam) и на “Преобликување на имиџот на политичките партии во ЈИЕ”, приредено од Георги Карасименов (2007).
Георгиев моментално е вонреден професор на Правниот факултет, ФОН Универзитет во Скопје.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059
Д-р Марјан Петрески, визитинг наставник
Научен советник/ редовен професор
Марјан Петрески е надворешен професор на постдипломските студии на ИОХН-С и редовен професор по економија на Факултетот за бизнис економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје. Тој е ко-основач на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, истакнат и влијателен економски тинк тенк. Специјализирал во истражување и настава во применета економија, со фокус врз пазарот на труд, сиромаштија и нееднаквост.
Петрески докторирал Eкономија на Универзитетот Стафордшир, Велика Британија во 2011 година. Престојувал на неколку пост-докторски престои, меѓу кои на Универзитетот од Мичиген во САД (2019) и на Универзитетот Хитотсубаши во Јапонија (2016). Неговите истражувања се објавени во рецензирани меѓународни списанија, од кои 32 труда во списанија индексирани на Web of Science. За своите истражувања, тој има добиено награда за млади научници во 2009 од Македонската академија на науките и уметностите и Olga Radzyner награда во 2010 од Централната банка на Австрија. Моментално, Петрески е истражувачки соработник на Партнерството за економски политики.