+389 2 3113 059
enmk

Дебата „Што може да ги задржи младите во Гостивар?“

Дебата „Што може да ги задржи младите во Гостивар?“

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство Ве поканува на организираната дебата на тема „Што може да ги спречи младите да го напуштаат Гостивар?“.

Гостивар, како и многу други градови во државава се соочува со егзодус на млади, но и останати групи на граѓани. Една од причините за оваа дебата е токму детектирањето на важноста на овој проблем и изведување на можни излезни позиции и идеи во насока на решавање на овој проблем. Младите во Македонија се соочуваат со недостаток на културни и економски перспективи кои можат да им овозможат учество во културниот и политичкиот живот. Оттука, дали на младите на Гостивар им недостига културен центар, политики за вработување на младите итн., се можните предлози кои би биле на панел дискусијата.

Како говорници на дебатата се поканети претставници на политичките партии застапени во Советот на Општина Гостивар, како и граѓански активисти кои биле ангажирани околу алармирањето и решавањето на овој горлив проблем.

Дебатата ќе започне во 18.00 часот во просториите на Центар за млади и заедницата (Youth and Community Center) во Гостивар. Youth and Community Center-Гостивар се наоѓа на улица „Мајор Чеде Филипоски“ бр. 158, Гостивар.

Дебатата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.