+389 2 3113 059
enmk

Демографско истражување во Северна Македонија

Демографско истражување во Северна Македонија

Во периодот 2020-2022 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува проектот „Демографско истражување во Северна Македонија,“ со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). Целта е да се направи демографско профилирање на мотивацијата на гласачите и потребите за едукација во врска со информираното гласачко однесување. Истражувањето се состои од деск анализа-преглед на постоечката литература со демографско профилирање на гласачите. Активностите вклучуваат и квантитативно и квалитативно истражување што ќе резултираат во сеопфатна демографска анализа на следните 10 демографски групи: урбана популација, рурална популација, рурални жени, млади, рурална младина, многу сиромашни, долгорочно невработени, лица со посебни потреби, оддалечени заедници и други етнички малцинства. Анализата ќе содржи податоци за нивните гласачките приоритети, ригидности, мотивации и сл.