+389 2 3113 059
enmk

ИОХН-С oбјавува повик за 4-ца истражувачи

ИОХН-С oбјавува повик за 4-ца истражувачи

ИОХН-С oбјавува повик за 4-ца истражувачи односно аналитичари кои ќе изведубаат мониторинг и анализа наљ истражувањата, наодите и препораките за политики изработени од Институтот во рамки на проектот Иницијатива за слобода на уредувањето: проект за нови политики и застапување базирано на податоци.

Потребенни се лица со следниот профил:

  1. 2-ца аналитичари од областа на медиумите (практичари) или комуниколози за следење на усогласеноста на анализите со новинарската и уредничката пракса. Услови кои треба да ги исполнат кандидатите се:
    -Да имаат најмалку завршено високо образование
    -Искуство во новинатската пракса или активизам од областа на слободата на изразување
    -Пожелно е да имаат добра вмреженост со организациите кои ги застапуваат новинарските и уредничките права и слобода како и правото на слобода на изразување и говор.
  2. 2-ца истражувачи од областа на студиите на политики со предходно искуство во компаративна анализа на политиките на Европската унија коии овозможуваат и гарантираат слобода на изразување и академска и медиумска автономија. Пожелно е освен солиден истражувачки профил да поседуваат и искуство со активизам и застапување особено во областа на човековите права и слободата мна изразување.
    – Да имаат докторат од областите на општествените и хуманистичките науки и објавени трудови од областа на студиите на политиките. Доколку имаат богато портфолио на застапувачи и истражувачи тоа може да има пресудна улога во однос на степенот на образование и во тој случај прифатливи се и кандидати со магистратура.

Потребни документи:
– CV

Предвидената дневница е 65 евра во денарска противвредност.

Ангажманот се протега во текот на изведбата на севкупниот проект и во рамки на овој период е повремен. Бидејќи се очекува континуитет во процесот на набљудување и анализа ангажманот ќе биде обединет во еден договор а исптата ќе биде реализирана на крајот на проектот

Рок на доставување пријави 15 МАРТ 2017
Рок на одлука 31 МАРТ 2017
Датум на објава на оглас: 1 МАРТ 2017