+389 2 3113 059
enmk

Кон уредничка слобода: саморегулација на програмските аспекти во јавниот сервис

Кон уредничка слобода: саморегулација на програмските аспекти во јавниот сервис

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје Ве кани на дебатата „Кон уредничка слобода: саморегулација на програмските аспекти во јавниот сервис“ што ќе се одржи на 23.01.2019 (среда) во хотел Солун, со почеток во 10:30 часот.

На дискусијата ќе земат учество: Смилка Јанеска Саркањац, Анета Андонова, Ана Чупеска, Игор Јованоски и Насер Селмани (Модератор).

На дебатата ќе се говори за овозможување на уредничка слобода во јавниот сервис преку саморегулација на програмските аспекти. Говорниците ќе зборуваат за различните аспекти на процесот на изготвување на Програмски правилник за МРТ. Програмскиот правилник претставува документ на саморегулација во кој се поставуваат основните приници, процеси и улоги во планирањето, реализирањето, емитувањето и евалуцијата на програмата. Овој документ има цел да ја постави рамката на програмски стандарди кои ќе го овозможат произведувањето на квалитетна програма што ги вградува највисоките професионални стандарди и го штити јавниот интерес.

Дебатата се реализира како дел од проектот „Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“ што го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија за политики кои ја штитат слободата на изразување.

Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.

Покана за дебата и агенда

————

Instituti për shkenca shoqërore dhe humaniste – Shkup, ju fton në debatin “Drejt lirisë redatuese: vetërregullimi i aspekteve programike në servisin publik” që do të mbahet në 23.01.2019 (e mërkurë) në hotelin Sollun, me fillim në ora 10:30.

Në debatin do marin pjesë: Smillka Janeska Sarkanjac , Aneta Andonova, Ana Çupeska, Igor Jovanovski dhe Naser Selmani (Moderatore)

Në debatin do të flitet për mundësimin e lirisë redaktuese në servisin publik përmes autoregullacionit të aspekteve të programit. Folësit do të flasin për aspektet e ndryshme të proqesit të përgaditjes së Rregulluesit programor të RTM. Rregulluesi programor paraqet dokument i autorregullacionit në të cilën vendosen parimet themeluese, proqeset dhe rolet në planifikimin, realizimin, emitimin dhe evaluimin e programit. Ky dokument ka qëllim që ta vendosë kornizën e standardeve programike të cilat do ta mundësojnë prodhimin e programit kualitativ që i inkuadron standardet më të larta profesioniste dhe e mbron interesin publik.

Debati do të realizohet si pjesë e projektit “Iniciativa për liri redaktoriale: Politika të reja dhe përfaqësuese të themeluara në të dhëna” që e shqyrton Insituti për shkenca shoqërore dhe humaniste – Shkup në partneritet me Shoqatën e gazetarëve të Maqedonisë (SHGM). Qëllimi kryesor i projektit është vlerësimi i efekteve të politikave ekzistuese mbi lirinë redaktuese të cilat dalin nga Ligji për shërbime audio dhe audiovizuele dhe ti inicojë përfaqësim të themeluar në të dhëna për propozime të reja dhe zgjidhje për politika të cilat e mbrojnë lirinë të shprehjes.

Projekti realizohet si pjesë e programit Civil Society Facilitz i IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) i Bashkimit Europian për Maqedoninë.

Ftesë dhe Agjendë