+389 2 3113 059
enmk

Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс

Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс

Во 2019 и 2020 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје работи на проектот „Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс,“ поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, Програма: Цивика Мобилитас. Целта на проектот е да се придонесе кон деполаризација на општеството преку промена на дискурзивните практики на политички антагонизам и дијалог меѓу клучните општествени актери. Проектот се фокусира на градење модел за деполаризација преку поттикнување на натпартиски алијанси во креирање политики со вклучување на парламентарни и непарламентарни политички партии, граѓански организации, медиуми и други општествени актери.
Една од анализите која произлезе од овој проект е „Поларизирачкиот дискурс и влијанието врз политичката и социјалната поларизација во македонското општество“ достапен на: http://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2019/11/Поларизирачкиот-дискурс-и-влијанието-врз-политичката-и-социјалната-поларизација-во-македонското-општество.pdf