+389 2 3113 059
enmk

ОФИЦИЈАЛНАТА УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ВО ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОФИЦИЈАЛНАТА УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ВО ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје го спроведе проектот „Официјалната употреба на јазиците во општините во Република Македонија“ . Проектот се спроведува по барање и поддршка на Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства ОБСЕ и опфаќаше десетмесечен период, од февруари до декември 2014 година.

Проектот има за цел да ги преиспита постоечките практики при употребата на официјалните јазици во одредени општини, како и да го одреди нивното влијание врз меѓуетничките односи.