+389 2 3113 059

Истражување за перцепциите, мислењата и ставовите за меѓуетничката интеграција и кохезија во основното и средното образование во Северна Македонија

Во 2022, беше спроведено ова истражување од страна на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, во соработка со надворешни експерти, по иницијатива и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а по барање на Министерството за образование и наука.

Истражувањето е спроведено со цел да обезбеди проценка на перцепциите, мислењата и ставовите за меѓуетничката интеграција и кохезија во основното и средното образование во Северна Македонија по имплементација на сите преземени мерки и активности за меѓуетничка интеграција во основното и средното образование. Дополнително, преку споредба на добиените резултати со резултатите од иницијалното истражување спроведено во 2017 година, ова истражување обезбедува и увид во евентуалните промени во перцепциите, мислењата и ставовите на сите чинители во образованието во врска со проблематиката.

Целосниот извештај е достапен на: https://mon.gov.mk/stored/document/DEC_2023_FINAL%20REPORT_MK_1.pdf