+389 2 3113 059
enmk

Повик за тренери од областа на застапување базирано на податоци и анализи на политики

Повик за тренери од областа на застапување базирано на податоци и анализи на политики

ИОХН Скопје
Објавува повик за тренери од областа на застапување базирано на податоци и анализи на политики, со посебен акцент на дата-визуализации и медиумско застапување. Потребни ни се

– 1 експерт од областа на комуниколошките науки според академско и научно звање и степен доктор на науки од областа на општествените и хуманистичките науки. Пожелно е обучувачот да има степен на научен советник или редовен професор. На обуките треба да понуди познавања за тоа како знањето се претвора во порака достапна и разбирлива за пошироката и нестручна јавност.

– 1 експерт од областа на студиите на политики според академско и научно звање и степен доктор на науки од областа на општествените и хуманистичките науки. Пожелно е обучувачот да има степен на научен соработник или доцент. На обуките треба да понуди познавања за тоа како се воспоставува разлика меѓу политичка анализа и анализа на политики, како се анализираат политиките и кои се средствата за нивно директно застапување.

– 1 експерт од областа на медиумските права и слободи чија главна задача во тренинзите ќе биде објаснување на техниките на застапување и кампањи од полето на академските слободи. Клучно е застапувачкото искуство од областа медиумски права и слободи и познавање на граѓанското општество и неговите капацитети за водење кампањи ориентирани кон политики. Академските квалификации не се пресудни но високо образование е потребно.

– 1 експерт од областа на медиумските права и слободи чија главна задача во тренинзите ќе биде објаснување на техниките на застапување и кампањи од полето на академските слободи. Клучно е застапувачкото искуство од областа медиумски права и слободи и познавање на граѓанското општество и неговите капацитети за водење кампањи ориентирани кон политики. Академските квалификации не се пресудни но високо образование е потребно .

Дневницата за тренерите е 70 евра во денарска противвредност.

Рок на поднесување документи 15 јануари 2018.

Рок на на одлука 18 јануари 2018.

Датум на објава на оглас: 9 јануари 2017.