+389 2 3113 059
enmk

Повик за 5-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи

Повик за 5-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи

ИОХН-Скопје
Објавува повик за 5-ца истражувачи со искуство во научната работа на тема новинарските и уреднички слободи. Потребни се следниве профили:

– 1 доктор на науки од областа на политичките науки или друго поле на општествените науки со истражувачко искуство во областа на мултидисциплинарните анализи на политики. Пожелно е академско звање или научно во кое е избран според Законот за наука и/или Законот за високо образование на Република Македонија

-1 докторант од областа на општесвените науки со искуство во анализи од областа на интердисциплинарните policy студии со цел да се проучи поширокиот контекст на управување во кој се воведуваат и спорведуваат медиумиските политики на државата.

-1 магистрант од областа на општесвените науки со искуство во анализи од областа на интердисциплинарните policy студии со цел да се проучи поширокиот контекст на управување во кој се воведуваат и спорведуваат медиумиските политики на државата.

-1 доктор на науки од областа на филологијата или друго поле на хуманистичките науки кое способен да изведе дискурзивна анализа или лингивстичка форензика на македонскиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги и да го спореди со севкупното европско законодавство. Потребна е анализа на секој од европските закони засебно како и заедничките документи на Унијата од типот на директиви и слично

-1 доктор по правни науки или друго поле на општествените и хуманистички науки кој има академски или научен степен според Законот за наука и/или Законот за високо образование и ќе биде задолжен за анализа на правните аспекти на постоечките јавни политики во областа на медиумите. Исто така ќе биде задолжен и за реценцирање на квалитетот на анализата. Степен научен советник или редовен професор е пожелен.

Ангажманот во текот на 10 месеци е повремен и вклучува учество во спроведување на Regulatory impact assessment од областа на програмските слободи и работа на полиси анализа со препораки. Услови на повикот:

Максималната проектирана сума на дневница за работа врз продуктот РИА е 75 евра во денарска противредност додека за продуктот “Policy study” изнесува 70 евра во денарска противвредност.

Потребни документи:

  • Писмо на интерес кое можете да го преземете на следниот линк
  • CV

Рок на доставување пријави 15 МАРТ 2017.

Рок на одлука 31 МАРТ 2017.

Датум на објава на оглас: 1 МАРТ 2017.