+389 2 3113 059

Дебата: „Каква иднина ја очекува Општина Валандово?“

Дебата: „Каква иднина ја очекува Општина Валандово?“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство Ве поканува на организираната дебата на тема „Каква иднина ја очекува Општина Валандово?“.

Идејата за оваа дебата е потребата на граѓаните на Валандово од нови иницијативи со демократска и партиципативна форма во кои тие ќе адресираат и ќе ги дебатираат локалните комунални проблеми на градот и околината. Едно од главните прашања коешто може да се постави во оваа насока е дали граѓаните на Валандово можат да се повикаат на позитивните искуства од минатите иницијативи во насока на градење на нови.

На дебатата ќе учествуваат претставници на граѓански иницијативи, претставници на Општина Валандово и претставници на најголемите политички партии.

Дебатата ќе започне во 18.00 часот во Домот на културата „25 мај“ во Валандово.

Дебатата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.