+389 2 3113 059
enmk

Конкурс за упис на студенти / Втор и финален уписен рок /

Конкурс за упис на студенти / Втор и финален уписен рок /

КОНКУРС ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ
Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2019-2020 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

-Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни
-Родови студии

ВТОР И ФИНАЛЕН УПИСЕН РОК
(22 јули 2019 – 20 септември 2019)

Услови на запишување:

– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.

Број на слободни места: 20

Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата) или од линкот подолу.
– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студи) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.
– Лична биографија (CV).

Вториот и финален уписен рок трае до 20 септември 2019. Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.
– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.

Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.

Институтот нуди Еразмус+ шема за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Норвешка, Исланд, Луксембург). Институтот во моментот има потпишано договори  за размена на студенти и професори со неколку универзитети од овие земји, како што се: Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Будимпешта), Универзитетот Гисен (од Германија), Универзитетот Утрех (од Холандија), Универзитетот Македонија (од Грција) и Универзитетот Пловдив (од Бугарија). А во преговори сме со Кингстон универзитетот од Лондон и Голдсмит, универзитет на Лондон.  Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитети.

Наставен кадар: Проф. Дона Колар-Панов, Проф. Катерина Колозова, Проф. Маја Мухиќ, Проф. Сенка Анастасова, Проф. Викторија Боровска, Доц. Бранимир Јовановиќ, Доц. Гордан Георгиев, Доц. Ана Блажева, Проф. Калина Лечевска, Доц. Елизабета Баковска, Доц. Ристо Карајков, Доц. Ирена Цветковиќ и др.

Контакт лица: Ристо Алексовски и Проф. Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на info@isshs.edu.mkristo.aleksovski@isshs.edu.mkviktorija.borovska@isshs.edu.mk и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174

Пријави за упис на постдипломски студии