+389 2 3113 059
enmk

ОДЗАРОБУВАЊЕ НА „АДМИНИСТРАТИВНИОТ УМ“:ПОЛАРИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА

ОДЗАРОБУВАЊЕ НА „АДМИНИСТРАТИВНИОТ УМ“:ПОЛАРИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ја изработи анализата на политики Одзаробување на „административниот ум“: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата. Документот е изработен како дел од проектот Нови предизвици во надминувањето на „демократското уназадување“ во Северна Македонија: „Заробената држава“ и „илибералната демократија“ во ревидиран контекст, поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Студијата започна од анализа на истражувања, но и на вредностите и филозофијата на законодавството, како и споредбено читање на релевантните закони во земјите-членки на ЕУ. Воедно, направено и истражување од повратните информации од граѓаните за административните препреки со кои секојдневно се соочуваат.

Целосниот документ може да го погледнете на линкот подолу.

Извадоци од студијата:

Наместо услуга кон граѓаните се овозможува комодитет за државата – се отежнува пристап до гарантирани права во функција на тоа државата да превенира замислена злоупотреба. Постојат органи за прогон и иследување и тие дејствуваат кога ќе се појави оправдан сомнеж. Нормалните услуги не смеат да се претворат во превентивни алатки на органите на контрола и прогон. Но, најзагрижувачко е тоа дека, како што е правилото, „што поголема бирократизираност – тоа поголема можност од корупција“  , па така сите овие административни лавиринти ниту ја направија нашата држава правно посигурна, ниту поотчетна ниту подобар сервис на граѓаните. Нашето споредбено читање на германскиот закон за нотарски услуги   и македонскиот, покажува за Запад непосведочена присилна нотарска заверка барана од државата.

Целосната имплементација на Законот за општата управна постапка може да биде единствениот пример на навистина „добар закон а лоша примена“ односно безмалку никаква. Можноста од имплементација е поткопана и од други противречни правни одредби што регулираат одредени области. Со цел целосно да се имплементира Законот за општата управна постапка, треба да се спроведе целосна дигитализација не само на процедурите на поднесок – и не само архивирање на документите кои треба да ја направат постапката поефикасна, пократка и поевтина – туку и софтверско процесирање одлука, решение и произведување документ (по примерот на Естонија каде што дигитално самите ја изведувате постапката на поднесување барање за пасош и по софтверското процесирање, самите си го подигнувате и печатот и пасошот од истата онлајн платформа). Исто, треба да се намали бројот на административните службеници, товар кој е многу тежок за носење за македонската економија, па така, што поголема дигитализација значи и подобра економија а не само поефикасно администрирање на јавните политики и реализирање на граѓанските права.

ОДЗАРОБУВАЊЕ НА „АДМИНИСТРАТИВНИОТ УМ“:ПОЛАРИЗАЦИЈА НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА