+389 2 3113 059

Магистерски студии: Студии на културата

Студиите на културата се интердисиплинарна област која спаѓа во подрачјето на општествените и хуманистичките науки. Во неговата интердисциплинарна природа учествуваат полињата на филозофијата, социологијата, книжевноста, политичките науки, лингвистиката, историјата, психоанализата и други.

Обединувачкиот елемент на сите споменати приоди е единствената епистемолошка рамка која ја застапува следнава позиција: структурирањето на општеството, политичките законитости во функционирањето на државата, административните системи на институциите и начинот на воспоставување и бидување субјект се условени од културата на една заедница. На тој начин, единствената културна парадигма се одразува колку во пишаните толку и во непишаните законитости на штотуку споменатите феномени кои традиционално се изучуваат во рамки на посебни дисциплини.

Механичката издвоеност на посебните аспекти на општествените појави во посебни дисциплини, нивната сведеност на статични предмети на анализа кои треба да ја обезбедат одржливоста на една дисциплина како засебна, не дозволува да ја толкуваме целината. На тој начин, добиваме фрагментирана слика на единствена, комплексна и динамична општествена појава.

Професионални можности: Истражувачката заедница во Македонија, во која, покрај научните работници, спаѓаат и аналитичари во бројни невладини тинк-танк центри и други организации од цивилниот сектор, има пореба од оспособени кадри за анализи на културните аспекти на општествените појави. Од друга страна, пак, во денешната ера на ангажирани културни (уметнички) пракси, уметниците, културните менаџери, професионалци и активисти во невладини организации од областа на културата, имаат потреба да ги разберат механизмите на општеството, институциите, политичките па дури и економските трендови, но од аспект на „органската целосност“ што им ја обезбедува припадноста на културна парадигма.

Научен назив со кој се стекнува студентот по завршување на студиската програма:По завршувањето на студиите и успешната одбрана на магистерскиот труд студентот се стекнува со научен степен: Магистер (м-р) по студии на културата. Соодветниот научен степен го стекнуваат кандидатите кои од првиот и вториот циклус на студии ќе се освојат вкупно 300 кредити (ЕКТС).

Услови за запишување: Диплома (уверение) за завршени 4 години студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од прв циклус од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов иако претставува предност, исто како и богатото CV на кандидатката/кандидатот.

Контакт лице: Ристо Алексовски, Доц. д-р Викторија Боровска [email protected],
Телефон: +389 2 3113 059
Интернет страница: www.isshs.edu.mk

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Трошоци на студирање:
– Цената на студиската програма е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање, одбраната на магистерската теза се плаќа одделно.

Освен во образовните активности, кандидатите, доколку се заинтересирани, можат да бидат вклучени и во проекти кои Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје спроведува: истражувања (особено анализи на политиките) на теми што се однесуваат на општеството, културата, политиката и родовите а, исто така, организира и настани како конференции, јавни дебати, симпозиуми и летни школи. Издаваштвото е дел од редовните активности на Институтот.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА – ЗАДОЛЖИТЕЛНИ МЕТОДОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА – ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

ЛИСТА НА ПРЕДМЕТИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

ОПИС НА ПРЕДМЕТИТЕ