+389 2 3113 059
enmk

Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми / Identifikimi dhe manipulimi me diskursin publik polarizues: dilema etike dhe praktike.

Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми / Identifikimi dhe manipulimi me diskursin publik polarizues: dilema etike dhe praktike.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), со поддршка на фондацијата National Endowment for Democracy (NED) и Цивика Мобилитас веќе трета година спроведува проекти насочени кон деполаризација на јавниот простор, создавање на претпоставки за широко општествено помирување, како и зауздување на популистичките и илибералните напливи во македонското општество. Во рамките на овие проекти, Институтот организираше бројни средби, обуки, работилници и конференции (затворени или отворени за јавност) на кои се дискутираа можните патишта и алатки кон деполаризација на јавниот дискурс и нормализација на општествените текови во државата.

Дополнително, Институтот објави десетина студии, анализи на јавни политики и кратки брифови во кои нудиме теоретски и практичен пристап кон темата (анализите се достапни на isshs.edu.mk).

Во контекст на предвремените парламентарни избори (април, 2020 година), како и во очекување на дополнителна радикализација на јавниот дискурс помеѓу политичките актери но и воопшто во јавниот простор, Институтот организира тркалезна маса на тема „Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми“.

На тркалезната маса ќе бидат презентирани и дискутирани ефективни алатки за воспоставување на норми и правила во контекст на радикална поларизација во општеството, ќе се дискутираат модалитети за справување со растечката поларизација во општеството, улогата на медиумите во врамување на пристојноста на дискурсот, (де)конструкција на феноменот на политички непријател итн.

Настанот ќе се одржи на 20 јануари 2020 година, во 12 часот во хотел „Солун“, Скопје.

На настанот ќе бидат поканети новинари, репортери, претставници на граѓански организации како и претставници на дипломатските мисии.

Учесници на тркалезната маса:
д-р Гордан Георгиев (ИОХН-С), воведничар и модератор
д-р Ана Блажева (ИОХН-С), програмски кординатор
Катарина Синадиновска, новинар, претседателка на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ)
Боби Христов, новинар, уредник во Телма телевизија
Љупчо Поповски, новинар
Горан Момировски, новинар, Алфа телевизија
Денис Сулејман, проектен кординатор, Здружение на новинари на Македонија

———

Instituti për shkenca shoqërore dhe humanistike – Shkup (ISSHS), me përkrahje të fondacionit National Endowment for Democracy (NED) dhe Civika Mobilitas, tre vite me radhë shqyrton projekte të drejtuar kah depolarizimi i hapsirës publike, krijim të supozimeve për pajtim të shoqërisë më të gjërë, si dhe frenim të baticave populiste dhe iliberale në shoqërinë Maqedonase. Në suaza të këtyre projekte, Instituti organizoi takime të numërta, trajnime, puntori dhe konferenca (të mbyllura apo të hapura për publikun) ku diskutoheshin metodat dhe instrumentet e mundshme për depolarizim të diskursit publik dhe normalizimit të rrjedhave shoqërore në vend.

Përveç kësaj, Instituti publikoi dhjetëra studime, analiza të politikave publike dhe informime të shkurtëra në të cilat ofrojmë qasje teoretike dhe praktike ndaj temës (analizat janë në dispozicion në isshs.edu.mk).

Në kontekst të zgjedhjeve të parakohshme parlamentare (prill, 2020), si dhe në pritje të radikalizimit plotësues të diskursit publik midis aktorëve politik, por dhe në përgjithësi në hapsirën publike, Instituti organizon tryezë të rrumbullakët në temë “identifikimi dhe manipulimi me diskursin publik polarizues: dilema etike dhe praktike”.

Në tryezën e rrumbullakët do të prezantohen dhe diskutohen instrumentet efektive për themelimin e normave dhe rregullave në kontekst të polarizimit radikal në shoqëri, do të diskutohen modalitetet për ballafaqim me polarizimin ritës në shoqëri, roli i mediave në inkuadrimin të mirsjelljes në diskursin, (de)konstrukcion i fenomenit të armikut politik etj.

Ngjarja do të mbahet në 20 janar viti 2020, në orën 12 në hotelin “Sollun”, Shkup.

Në ngjarjen janë të ftuar gazetarë, reporterë, përfaqësues të shoqatave qytetare si dhe përfaqësues të misioneve diplomatike.

Pjesëmarës të tryezës të rrumbullakët janë:
Dr. Gordan Georgiev (ISSHS), hyrës dhe modeator
Dr. Ana Bllazheva (ISSHS), koordinator programik
Katarina Sinadinovska, gazetare, kryetare e Këshillit për etikë në media në Maqedoni
Bobi Hristov, gazetarë, redaktor në televizionin Tellma
Lupço Popovski, gazetar
Goran Momirovski, gazetar në televizionin Alfa
Denis Sulejman, koordinator i projekteve, Shoqata e gazetarëve të Maqedonisë

 

Агенда

Покана

Теоретски вовед

Agjenda

Ftesë

Hyrje teoretike