+389 2 3113 059

Подготовка на истражувачка студија во рамките на пакетот: Зголемено политичко учество за маргинализираните групи, Македонија: CSSF за Западен Балкан

Подготовка на истражувачка студија во рамките на пакетот: Зголемено политичко учество за маргинализираните групи, Македонија: CSSF за Западен Балкан

Во 2019 година, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје работеше на проектот „Зголемено политичко учество за маргинализираните групи, Македонија,“ поддржан од Фондацијата за демократија Вестминстер. Истражувањето се состоеше од проценка на социокултурните и структурните можности и пречки за зајакнувањето на политичкото учество на жените. Студијата обезбедува и преглед на развојот на женскиот и родовиот активизам од 1999 година до денес, потпирајќи се на демографски емпириски податоци собрани преку деск анализа и теренско истражување. Истражувањето нуди и длабоко разбирање на културните специфики кои може да служат и како пречки, но и како двигатели на позитивна промена. Во истражувањето беа комбинирани квалитативно и квантитативно истражување со статистичка анализа, но и дискурзивна анализа. Тоа овозможи сеопфатен преглед на степенот на активното учество на жените во носењето на политички одлуки, потребите во однос на едукација на гласачите, како и мотивација на политичарките. Истражувањето резултираше во сеопфатна студија со препораки „Политичко учество на жените во Северна Македонија,“ достапна на: https://www.wfd.org/wp-content/uploads/2020/02/WPP-WFD-MK.pdf