+389 2 3113 059

ОБЈАВА ЗА МИРУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТУДИИ НА ИОХН-СКОПЈЕ

ОБЈАВА ЗА МИРУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТУДИИ НА ИОХН-СКОПЈЕ

Почитувани кандидати и кандитатки за упис на програмата по едногодишни магистерски студии од областа на родовите студии, Ве известуваме дека поради извесен број административни причини оваа програма ќе биде ставена во мирување на неопределен рок. Сите добиени пријави за оваа програма за академската 2013-2014, доколку за тоа постои согласност од кандидатот/кандидатката, ќе ги сметаме за валидни пријави за програмата од областа на студиите на културата, која ќе понуди голем број содржини од областа на родовите студии. Секако, доколку не се согласувате со ваквиот предлог, Вашата пријава ќе се смета за повлечена. Уписите од областа на студиите на културата ќе бидат одложени за 2 месеца (Ве молиме, погледнете го известувањето ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО УПИСИТЕ НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ ЗА 2013-2014) Конкурсот за стипендирање во идентична форма важи за програмата по студии на културата. Сите кандидати и кандидатки за стипендија за програмата по родови студии ќе се сметаат за кандидати за стипендии за програмата студии на културата, доколку не се произнесат поинаку односно доколку не одлучат да ја повлечат својата приијава за упис и/или стипендија.

Leave a Reply