+389 2 3113 059

Иновација во образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки

Иновација во образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје во периодот 2018-2021 година го спроведе проектот „Иновација во образованието: Интерсекција на природните и техничките со општествените и хуманистичките науки.“ Проектот е дел од Еразмус+ програмата на ЕУ и во стратешко партнерство со Софискиот Универзитет од Бугарија и Универзитетот Утрехт од Холандија. Целта беше да се развијат иновативни пристапи во високото образование преку интердисциплинарно поврзување на филозофијата, лингвистиката, уметностите, когнитивните науки и технологијата во истражување на прашања релевантни за современите општества. Поттикнувајќи иновативни истражувачки вештини се јакнат капацитетите на младите во можноста за нивно вклучување во динамичните текови на европската економија заснована на истражување и иновација.