+389 2 3113 059

Интерен повик за членовите на ННС на ИОХН-Скопје за студии и анализи од областа на образовните политики

Се покануваат членовите на Наставно Научниот совет (ННС) за учество во:  Изработка на студии, анализи и препораки за политики од областа на интерсекторските политики во високообразовниот сектор, разбрани во контекст на реформите според Кластер 3

Студиите и анализите за кои е потребна вашата анализа се следните:

  • „Изработка на анализа на политики што ќе се застапуваат“; Должина на документот: 10 стр.; Времетраење на ангажман: февруари-март 2024 ;  Работни денови: 15 денови (120 часа)
  • „Изработка на Студија на законодавството со предлози за промени на политики и поврзани препораки“; Должина на студијата: 80 стр.; Времетраење на ангажманот: април-август 2024; Работни денови: 25 денови (200 часови)

Предност имаат оние кои во последните 5 години учествувале или објавувале анализи, студии или нуделе консултантство на институции и меѓународни невладини организации од областа на образованието со фокус на високото образование, научниот сектор и нивната поврзаност со економијата и реформи според Кластер 3 (треба да се наведе во CV-то при изразување интерес)

Потребни документи:

  1. CV
  2. Писмо на интерес на истражувачот/ката

Со оглед на тоа дека ова не е тендер, и дека Институтот го доби грантот врз база на својот севкупен институционален профил и капацитети на истражувачкиот кадар (дел од ННС), надоместокот е фиксен и според буџетот кој е достапен на сите. Секој/а има капацитет да се вклучи во некој дел од студиите, така што пријавата е за учество во тим, а не изработка на изолирани производи. Ова значи дека учеството подразбира координација и со оние кои работат на друг интелектуален производ во рамки на Акцијата „Застапување за инклузивен развој“, поддржана од Швајцарската влада преку програмата Цивика Мобилитас. 

Ги очекуваме вашите пријави на интерес до 01 февруари 2024, 16.30 часот.