+389 2 3113 059

Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација на креатори на политики во Западен Балкан

Education for Europe: Innovation in Curricula for the Next Generation of Policy Makers in the Western Balkans (EfE) [Образование за Европа: Иновација во наставните програми за следната генерација на креатори на политики во Западен Балкан], е проект спроведуван во рамки на конзорциум чиј член е ИОХН-Скопје а раководството му припаѓа на Универзитетот за политички науки Париз – Кампус Дижон (Science Po. – Campus Dijon). Проектот е поддржан од Француското министерство за надворешни работи. Вториот семинар на проектот EfE беше одржан во Дижон на 22-23 септември 2022, и беше пригода за иновативни размени во поглед на неопходните преобразувачки процеси во високото образование, иницијативи предводени од врвни научни имиња и креатори на мислења од Франција.