+389 2 3113 059

Образование насочено кон иновација во ерата на „транзицијата близначка“: Фокус на Југоисточна Европа

„Образование насочено кон иновација во ерата на ‘транзицијата близначка’:  Фокус на Југоисточна Европа“ е Еразмус проект, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на акцијата KA 220. Координатор на проектот е Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје додека партнери се: Универзитетот Пантеион-Атина, ФМК при Универзитетот Сингидунум-Белград и Софискиот универзитет „Климент Охридски“. Проектот се имплементира од 2022 до 2024 година.

Фокусот на проектот се дигиталната демократија и инклузивност, економија заснована на иновации и способност за транспонирање на академското знаење на анализа на политики и застапување. Интегративна интердисциплинарност помеѓу SSH и STEM со цел ефикасно справување со климатските вонредни состојби преку општествени промени.