+389 2 3113 059

СТУДИЈА НА ПОЈДОВНАТА СОСТОЈБА (BASELINE)

На линкот подолу може да ја преземете „Студија на појдовната состојба (Baseline): демократски институции или дали и колку европските темелни вредности се вградени во функционирањето на јавниот сектор?“ што беше изготвена од Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје во соработка со  Институт за медиуми и аналитика, Балкански институт за регионална соработка и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

Извадок од студијата:

Препораки:

До институциите:

  • Реформа и зајакнување на капацитетите на јавната администрација и институциите за поголема интерсекторска соработка што ќе овозможи подемократски институции, поставувајќи ги во служба на Граѓанинот. Посебно внимание да се обрне на Кластер 2, во кој спаѓа здравството и сите други сектори со кои треба да се поврзе за подемократски политики на институциите.​
  • Подигнување на свеста за вредностите на интерсекторкиот приод: комплексноста на секоја ситуација на Граѓанинот може да се реши само со интерсекторска политика и интерсекторско преземање грижа и одговорност за услугите на Граѓанинот. Во моментов имаме систем каде со оваа системска обврска, всушност, се товари Граѓанинот – трча од една до друга институција и сектор и постапува како да е линкот (што недостасува) помеѓу нив – и ова мора да се промени од корен.
  • Подигнување на свеста во јавниот сектор за тоа дека преку децентрализиран и индивидуализиран односно вклучувачки пристап ќе обезбедат поефикасно и посоодветно функционирање на институциите во полза на граѓаните и со сензитивност за потребите на секој индивидуален случај и посебните граѓански групи;
  • Покрај подигнување на свеста и усвојување на вредностите на интерсекторските политики како темел на демократските институции, потребно е подигнување на капацитетите на јавната администрација да планира и анализира во термини на реформски политки (policy а не само законодавство), според логиката на Кластери (на ЕУ реформските процеси) и интересекторски приод.
  • Ревизија на Законот за управна постапка и реформа на Управниот суд со цел да се испорача ефективна управна правда за граѓаните и малите бизниси.

До граѓанското општество

  • Подигнување на јавната свест за потребата од функционално владеење на правото и добра јавна администрација како прашање на Европските темелни права (човеково право), и вредностите на интерсекторска соработка и централноста на Граѓанинот во процесите на планирање и имплементација.
  • Спроведување едукативни и информативни кампањи што ќе ја подигнат јавната свест кај граѓаните за значењето на владеењето на правото како прашање на добра и демократска администрација ориентирана кон потребите на Граѓанинот, вклучително за вредностите и праксите на интерсекторско планирање и имплементирање политики.
  • Изготвување на анализи и препораки со мерки што ќе ги промовираат децентрализацијата, деполаризацијата и дигитализацијата на институциите, кои би биле предмет на директно и јавно застапување, а воедно и вградени во кампањите на (интер)секторските политики (според Кластерите на ЕУ) за кои се застапуваат граѓанските организации.
  • По пат на визуелизации на податоци, за кои оваа студија обезбедува извори, подигнување на свеста на пошироката јавност дека децентрализирана и дигитализирана јавна администрација автоматски значи и подигнато ниво на отченост и намален степен на корупција.
  • Социјална инклузија и подобрување на услугите за лицата со посебни потреби, лицата со ретки болести и другите маргинализирани групи во рамки на здравствениот систем. 
  • Интерсекторско планирање на услугите во здравствениот сектор со цел – нивна децентрализација односно регионализација. Секторите за локална самоуправа, социјални политики, финансии и здравство треба да осмислат интерсекторски политики, преточени во интервенции во законските и подзаконските акти, кои ќе овозможат пристап до основните услуги во сопствените општини.