+389 2 3113 059

Транзициската правда како начин на нормализација и демократизација во пост-авторитарното општество

На 10 декември 2018 година, ИОХН-Скопје ја организираше дебатата „Транзициската правда како начин на нормализација и демократизација во пост-авторитарното општество“. Говорници на настанот беа: Гордан Георгиев (ИОХН-С), Џабир Дерала (Цивил), Харалд Шенкер (аналитичар) додека Катерина Колозова (ИОХН-С) беше модераторка. Дебатата ги преиспита постоечките методи на транзициската правда и нивноте нужни прилагодувања на македонскиот контекст. Говорниците се согласија дека основните инструменти на моделот на транзициска правда се комисии на вистина и помирување, скалеста или (ретко) потполна амнестија и судски разрешници за престапи, кои се преголеми за да бидат праведно санкционирани по пат на другите форми на транзициска правда.

Дебатата беше дел од проектот „Соработка помеѓу политичките партии и граѓанските организации: Намалување на асиметричната моќ на извршната власт“, поддржан од National Endowment for Democracy.