+389 2 3113 059

Феминистичко образование за сите: Неформална школа за младите жени во Северна Македонија

Во 2022, ИОХН-Скопје со поддршка на Фондацијата Квина тил Квина го спроведе проектот „Феминистичко образование за сите: Неформална школа за младите жени во Северна Македонија“. Целта беше да се  вклучи во што е можно поширока и хибридна (онлајн и офлајн) програма за неформално феминистичко родово образование за активистки со фокус на младите жени во Северна Македонија.

Во периодот октомври-декември 2022, ИОХН-Скопје ја организираше втората „Неформална школа за младите жени во Северна Македонија“. Програмата беше поделена на 7 курсеви, на кои учествуваа претежно млади жени, но и мажи од целата земја, кои имаа можност да научат повеќе за феминизмот. Повеќе информации на: https://www.isshs.edu.mk/feminist-education-for-the-masses-hybrid-informal-school-for-young-women-in-north-macedonia-2022/